Почетна Анализа Со злато, луксуз и три монахињи, Качавенда го искупува гревот за педофилијата
Со злато, луксуз и три монахињи, Качавенда го искупува гревот за педофилијата

Со злато, луксуз и три монахињи, Качавенда го искупува гревот за педофилијата

1.29K
3

Што е казна за еден педофил? Ова е прашањето што го поставува српски НИН, анализирајќи го случајот на пензионираниот владика на СПЦ, Василије Качавенда.

За некој кој, според изјавите на поранешните соработници, силувал момче кое потоа се разнело со бомба, казната е живот во дворец со позлатени куполи, одговара српскиот неделник.

Луксузното ауди на располагање на Качавенда
Луксузното ауди на располагање на Качавенда

Екипа на НИН, го посетила Бјелине, местото каде се наоѓа најраскошниот владички дворец на СПЦ и каде денес единствен кој живее во него е токму Качавенда, опкружен со три монахињи кои се тука на негова услуга.

Иако, Соборот на СПЦ во 2013 година го пензионираше, како резултата на огромниот притисок на јавноста, поради скандалот со злоставување на момчиња и поради шверц на црковни предмети од Русија и подмитување цариници, Качаведна, Владика кој чува автоматско оружје под креветот, денеска го ужива истиот, можеби и поголем луксуз.

„Злато, мермер, куполи од злато, дворец од пет ката, луксузно возило… тоа е раскошот во кој, Качавенда денес ги „покајува“ своите гревови. Соборот на СПЦ го пензионираше, но пензионерските денови ги минува во дворец од пет ката, целиот во мозаици, пишува белградски „НИН“.

Ваков луксузен дворец има саму уште во Русија
Ваков луксузен дворец има саму уште во Русија

Кога екипата на весникот го посетила манастирот „Света Петка“, познат како пет езера во Република Српска, или наречен „мал Версај“, според луксузот, а единствено такво здание во составот на СПЦ, биле запрепастени од сликата што ја виделе.

„Малиот Версај“ најлуксузен во сите епархии на СПЦ
„Малиот Версај“ најлуксузен во сите епархии на СПЦ

-Чесен човек би посакувал ова место денес, каде живее Качавенда, да биде „покајничко катче“ на некои испосници за изкупување на гревовите. Но наместо тоа, пред нас се покажува највелелепно здание во сите српски епархии. Владичкиот дворец во Бјелина, нарекуван „мал  Версај“, поради скапоцениот намештај не претставува ништо во споредна со новите „задолжувања“ на Качавенда, пишува НИН.

-Тоа чудесно здание со ништо не прилега на селската средина на Бјелине, од каде пред две децении беа регрутирани војници за крвавата братоубиствена војна. По него меѓутоа се гледа кој од таа војна профитирал. Комплексот со раскошна градба со сите позлатени куполи, потсетува на луксузен хотел од плажите во Египет. Сличен манастир постои само во Русија. Односот кон тој раскош нема никаква врска со Христовото учење, пишуа НИН.

Новинарите на НИН, потенцираат дека луѓето во Бјелина генерално избегнуваат да ги коментираат приказните за Качавенда.

Пренесуваат само кратки коментари на случајни минувачи.

Качаведна со трите монахињи е единствениот кој живее во овој Владички дворец
Качаведна со трите монахињи е единствениот кој живее во овој Владички дворец

-Монахињите не треба да се плашат, цинично рекол некој случаен минувач, „бидејќи за Качавенда жените се одвратни и нечисти“, пишува НИН.

Репортерите на НИН го посетиле и Манастирот Папрача, наречен „легло на разврат“, како што тврди Бојан Јовановиќ, поранешен ѓакон на Владиката Качавенда.

Сите пет куполи на дворецот се од злато
Сите пет куполи на дворецот се од злато

Во тој манастир официјално со бомба се разнело момчето Блажановиќ. Според зборовите на поранешниот ѓакон, тука во необележано место се наоѓа и гробот во кој е и закопан. Црквата пак негира дека гробот е на тоа место.

В.д. Игуменот на овој манастир, Игнатиј не сакал да разговара за овие настани. Но, уште пострашно е што за овие настани, но и за експлицитните снимки што беа објавени пред соборот во 2013 година, а на кои се гледа Владиката во интимни односи со момче, не сакаат да зборуваат ниту надлежните органи.

За потсетување, на еден од тие снимки, снимена со камера во рачен саат, Владиката Василије Качавенда се бакнува со момче. На другата снимка, експлицитна, се гледа како Владиката орално го задоволува истото тоа момче.

Синодот на  СПЦ, по огромниот притисок на јавноста повеќе не можеше да го сокрива и на основа на тројца малолетници оформи комисија за истражување на педофилијата на Качавенда, а неговата вина ја потврдија 40 свештеници.

Злато и мермер „гази“ пензионерот Каќавенда, како казна за неговите гревови
Злато и мермер „гази“ пензионерот Каќавенда, како казна за неговите гревови

Меѓутоа, три години подоцна наместо на црковен суд, тој заврши во дворецот во Република Српска. Во официјалната судска постапка доказите се приложени, вината докажана, но пресуда не е изречена со години.

„НИН“

Насловната страница на „НИН“
Насловната страница на „НИН“

Коментар(3)

  1. Kacavenda e golem prijatel so Vraviskovski. Za malku i toj ke se najdese tmu so nego, no bidejki ima \adaca da se bori protiv MPC , ne se najde tamu. Inaku malku pa malku ete go na seansi so Pahomie vo prohor pcinjski

  2. За сличајот Качавенда, Пахомие , Филарет и неколкуте кражби од по илјадници евра во СПЦ , многу експонираниот и семоќниот во антимакедонската пропаганда , еп. бачки Иринеј никаде не се огласи. Тоа на него не му смета можеби подразбира дека е сето тоа израз на побожноста и молитвеноста и го удостои со молчење.

Напиши одговор на Sinesie Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *