Почетна Вести Христијанство Симеон Саксобурготски: Нормално е БПЦ и МПЦ-ОА да имаат заедничко сослужение
Симеон Саксобурготски: Нормално е БПЦ и МПЦ-ОА да имаат заедничко сослужение

Симеон Саксобурготски: Нормално е БПЦ и МПЦ-ОА да имаат заедничко сослужение

587
2

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски денеска изјави дека е нормално Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија да имаат заедничко сослужение.

Поранешниот бугарски премиер за БГНЕС овој свој став го искажа веднаш по заедничката  богослужба што во храмот „Свети Александар Невски“ во Софија ја отслужија бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил, по повод 140-годишнината од ослободувањето на Бугарија од турското ропство.

Неговиот повик доаѓа само неколку дена откако македонскиот премиер Зоран Заев официјално го поддржа сослужението меѓу двете цркви.

– Се надевам дека многу брзо ќе има заедничка литургија меѓу бугарската и македонската црква – во Бугарија или во Македонија. Во рамки на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние се договоривме дека ќе ги поддржиме сите дејствија што ќе придонесат кон продлабочување на соработката. Јас се надевам набрзо да имаме заедничка литургија во нашата држава или во Бугарија, рече Заев минатата недела.

Повикот за заедничка литургија меѓу двете држави доаѓа и само десетина дена по канонската посета на бугарскиот претседател Румен Радев во Бигорскиот манастир. Радев и бугарските митрополити Николај и Кипријан влегоа во Светата Обител пречекани со биење на  камбани и огромно мноштво народ. Во таа пригода бугарскиот претседател високо ја оцени улогата на Бигорскиот манастир во минатото и сегашноста. Пред тоа, во храмот „Свети Спас“ во Скопје, пред гробот на Гоце Делчев, митрополитот Николај отслужи молебен во присуство на македонски свештеници.

Коментар(2)

  1. Неговото Царско Височество Симеон Сакскобурготски е бугарски цар, а не само бивши премиер. Цар – крунисан и миропомазан. Известувањето дека е само поранешен премиер на Бугарија е необјективно и пристрасно.

  2. Негово Величество Симеон II e последниот Православен Цар на земјата, кој е миропомазан на Царство. Не е само бивш премиер… Следствено, треба барем, од почит, во фуснота да дадете објаснување дека тој припаѓа на една од најстарите царски династии во Европа. Господ да го запази на уште многу години.

Напиши одговор на Преспанец Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *