Почетна Коментар Што одлучи МПЦ и зашто треба амин од СПЦ?
Што одлучи МПЦ и зашто треба амин од СПЦ?

Што одлучи МПЦ и зашто треба амин од СПЦ?

2.81K
3

Историската седница на Синодот на МПЦ-ОА, на која беше днесена одлука за обединување и враќање на ПОА во МПЦ траеше нецели два часа, што укажува на тоа дека веќе претходно биле познати деталите. Иако, Синодот одлучи да не споделува информации, сепак јавноста треба да знае дека 99% од она што го објави Религија.мк е потврдено како решение од владиците. Во тој еден процент се информациите од текстот на религија во кои имаше дилеми. Што значи за дилемите нема одлука, се друго е идентично.

Зошто МПЦ-ОА не сподели информации со јавноста за одлуката, портпаролот, владиката Тимотеј, тоа го образложи со потребата да биде прво информирана СПЦ и таа на Соборот во мај да го потврди, или да не го потврди решението на Синодот на МПЦ-ОА. Изјавата на прва делува малку збунувачки, но во основа ја открива суштината на сериозноста на проблемот.

Зошто збунувачки? Збунувачки е затоа што на јавноста речиси една година и се сервира дека СПЦ дала безусловен Томос за автокефалност на МПЦ-ОА и нема во ништо да се меша во нејзината работа. Ако е така, што има СПЦ одлучува дали е добро или не решението? Каква е таа автокефалност, ако СПЦ на Собор треба да потврдува, или не, решенија на Синодот на МПЦ-ОА?

Но, приказната е малку поинаква од она што дел од владиците на јавноста и го презентираа, а веројатно не биле доволно прецизни изминатиов период и во меѓусебната комуникација со колегите во Синодот. Тоа може да биде резултат на лош преговарачки процес со СПЦ, или на неискреност кон договореното. На што и да се должи тоа, сосема јасно е дека дојде време за порамнување на сметките, затоа и решението Синодот го носи во пет до дванаесет, пред одржување на Соборот на СПЦ, иако имаше време цела една година за тоа прашање да биде затворено.

Една од одлуките на Соборот на СПЦ од лани, со која се согласува за автокефалност на МПЦ-ОА е поврзана со решение на ПОА. Попрецизно во одлуката сто дека автокефалноста ќе биде прогласена, откако ќе се реши проблемот со ПОА. Но, Патријархот Порфириј убеден дека тоа бргу ќе оди (веројатно некој така му ветил), одлучува самоиницијативно да го потпише и предаде Томосот за МПЦ-ОА, иако дел од владиците на СПЦ на тоа се противат.

Времето во меѓувреме одминува, нашите преговарачи овде зборуваат дека од МПЦ-ОА не се бара ништо во врска со ПОА. Се случуваат неколку важни црковни настани на кои наместо да се гради процесот на обединување преку заеднички сослужувања, ниту еднаш не се повикани владиците на ПОА на заедничка служба. Проблемот постојано се игнорира, па се појавуваат некакви квази идеи за решенија што во црквата се непознати и се така доаѓаме до ситуација на подзатегнати односи меѓу МПЦ-ОА и СПЦ последниве два месеца.

Решението кое сега е донесено нема да биде примено со воодушевување од Српската црква. И точно е, со право вели владиката портпарол дека СПЦ ќе одлучи. Како ќе видиме.

Она што е суштински важно е што и од овој Собор на СПЦ во мај ќе чекаме вести. Но, наместо да ја чекаме веста за историска одлука на СПЦ со која таа од својот Устав конечно ќе ги избрише епархиите во Македонија од нејзината јуриздикција, ние ќе чекаме вест дали СПЦ се согласува со тоа што МПЦ-ОА го нуди како решение за обединувањето со ПОА.

Обединувањето на МПЦ-ОА и ПОА треба да биде чин на единството и круна на вистинската автокефалност. И едната и другата страна веројатно никогаш нема да заборават, но во Христовата црква е важно да си простат.

М.Н.

Коментар(3)

  1. Со дожна почит, Марјан претеруваш. Како сакаш да претопиш клир и црковен имот на СПЦ во МПЦ без согласност на СПЦ? Да, во твоја јурисдикција се али не се твои. Хипотетички ако се договараме со СПЦ за епархии во Хрватска не може едногласно некој да донесе одлука која е важечка за другиот без негова согласност. Иако во дел се слагам со тебе дека нашите владици не се највешти кога станува збор за ПР сепак го оправдувам нивниот начин на комуникација со медиуми и јавност кога станува збор за круциални прашања. Сепак имаат научено поука од деновите кога се договараше нишкиот договор и кога самопрогласени експерти ги распнуваа.

    И за крај ако искрајно и мислиш добро на МПЦ онда научи те молим да почитуваш одлуки на синод макар и биле непопуларни. Од таму се почнува. Каков ти е односот према Епископот таков ти е и према целата Црква.

  2. И јас сум нешто збунет… Јас мислев дека почитта која ја бараат владиците се заслужува и потоа негува, а не дека таа доаѓа сама по себе кога ќе ја стават митрата на глава. Сепак, јас како верник имам слободна воља сам да решам кој владика (или свештеник) повеќе ќе го почитувам од другиот.

    Инаку, не ми е јасно зошто дедовците од нашиот Синод ни ја вреѓаат интелигенцијата. Да те викнат да служиш опело на погреб на мајката на српскиот патријарх, а притоа да глумиш дека уште не си донел одлука за моделот по кој ќе прифатиш интегрирање на ПОА, тоа во најмала рака е потценувачки.

  3. Со должна почит г/н Збунет, респект за нивото на релативизација кое го демонстрираш, не секој го може…. какви епархии на СПЦ во Северна Македонија!? примерот со Хрватска ти е смешен затоа што се работи ѕа територија на трета држава. Црногорското сценарио се спрема и овде, само што античките македонци нема да излезат на улица како храбрите црногорци, помил им е мирослав илич и црвена звезда…… вранишковски е новиот поглавар, радувајте се.

Напиши одговор на Збунет Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *