Руските власти ги прогонуваат христијаните во окупираната Украина

Date:

Share post:

Руските власти систематски ги прогонува христијанските и другите верски заедници во окупираните региони на Украина, изјавија експерти пред американските законодавци.

„Моите родители живееја во Советскиот Сојуз, и тие велат дека условите денес во руско-окупираната Украина се полоши за верниците отколку што биле во советско време,“ изјави Марк Сергиев, украински воен капелан и свештеник кој служел како младински духовник на христијанската црква во Мелитопол до заземањето на градот од страна на руските трупи.

Сергиев сведочеше на 24 јули пред Хелсиншката комисија во Вашингтон за своите лични искуства со бегство од рускиот прогон. Оваа Комисија е исто така позната и како Комисија за безбедност и соработка во Европа, независната федерална комисија што беше основана во 1976 година, за да ги поддржи принципите на необврзувачките Хелсиншки договори од 1975 година, кои имаа за цел да ги намалат тензиите од Студената војна преку прифаќање на поредокот по Втората светска војна во Европа.

Со Сергиев, пред комисијата сведочеа и Кетрин Ванер, професор по историја, антропологија и религиозни студии на Државниот универзитет на Пенсилванија и специјалист за религијата во Советска и постсоветска Украина; и Стивен Е. Мур, поранешен шеф на кабинетот во Претставничкиот дом на САД и основач на Проектот за слобода на Украина, невладина организација која доставува хуманитарна помош на фронтот на руската војна во Украина.

Мур исто така го лансираше веб-сајтот RussiaTorturesChristians.org за да го изложи прогонот на христијаните во руско-окупираните области на Украина.

Сергиев — чиј прадедо бил убиен заради својата вера за време на советскиот диктатор Јосиф Сталин — пред комисијата опиша како во март 2022 година бил изведен од неговата куќа од руските трупи.

„Ме изнесоа надвор, ме легнаа наземи. Во тој момент бев само во долна облека,“ рече тој. „Го разбудија мојот најстар син. Тој има 9 години… со АК-47 пушка вперена во лицето.“

Сергиев рече дека на неговиот татко, старешина на црквата, му бил даден ултиматум од 72 часа од страна на војниците да сними видео пред црковната зграда кажувајќи дека „ова веќе е руска територија и Путин е наш претседател“.

Војниците се заканиле дека со секој еден ден одолжување на снимањето на видеото, на неговиот татко ќе му отсекуваат по еден прст.

Сергиев опиша пред Комисијата дека било „чудо од Бога тоа што (руските војници) не се вратиле со своите ножеви“ — но трупите ја зазеле црковната зграда, го тргнале крстот висок 40 стапки пред неа и поставиле руско знаме.

Наместо место „користено за… славење и чествување на Бога“, поранешната црква сега е сала „за руски воени концерти и прославување на руски празници,“ рече Сергиев, кој избега со своето семејство на безбедно место.

Други верски лица немале толку среќа: Ванер изјави пред Комисијата дека од 2022 година — кога Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, продолжувајќи ги нападите започнати во 2014 година — „над 40 свештеници се соочиле со одмазди и пет биле убиени.“

Слично, мајор надбискупот Свјатослав Шевчук, раководител на Украинската унијатска црква, рече во интервју на 25 јуни за медиумскиот портал Украинформ дека „нема ниту еден католички свештеник во окупираните територии денес — ни унијатски ни римокатолички,“ поради руските сили кои уништуваат или присвојуваат цркви, додека свештениците ги протеруваат.

Двајца украински унијатски свештеници, редемптористот отец Иван Левицки и отец Богдан Гелета, биле ослободени на 28 јуни по една година и половина во руско заробеништво, откако биле заробени од руските сили во нивната црква во Бердјанск во ноември 2022 година. Двајцата свештеници, кои значително ослабнале за време на нивното заточеништво, биле подложени на тортура, според мајор надбискупот Шевчук.

Во истото интервју, тој исто така напомена дека руските официјални лица во окупираниот дел од регионот Запорожје во Украина формално ја забраниле Украинската унијатска црква со писмен декрет, како и Витезите на Колумбо и Харитас Украина, дел од универзалната мрежа Харитас Интернационал за глобална хуманитарна помош.

Ванер изјави пред Комисијата дека верската демографија на Украина — која вклучува православни, католици, протестанти, муслимани и еврејски заедници — ја одразува „толеранцијата, верската разновидност и верскиот плурализам како управувачки принципи,“ со верските симболи и практики „широко прифатени во јавните институции и јавниот простор.“

Православните верници во Украина самите се дел од неколку цркви. Лилија Ковалик-Васјута, главен уредник на Религиозната информативна служба на Украина, претходно појасни за OSV News дека таквите цркви ги вклучуваат: Украинската православна црква – Московски патријархат, Украинската православна црква – Киевски патријархат и Православната црква на Украина (формално призната како автокефална во 2019 година од Вселенскиот патријарх Вартоломеј I Константинополски), како и Украинската автокефална православна црква, Автономната украинска православна црква и Украинската вистинска православна црква.

Но, таа разновидност „се судира со наметнувањето на идеологијата на рускиот свет што доаѓа со руската власт,“ рече Ванер за време на своето сведочење пред комисијата.

Таквата идеологија — која тврди дека Русија е супериорна цивилизација со право да се шири по волја, бидејќи тврди дека ги чува конзервативните вредности и православното христијанство — „го оправдува репресирањето на верските малцинства и ги привилегира руските православци како државно заштитени чувари на овие традиционални вредности на јавниот морал и социјалниот и политичкиот поредок,“ рече Ванер.

Мур, кој поминал поголемиот дел од своето време во Украина од целосната инвазија, изјави пред комисијата дека Руската православна црква „не е црква како што би ја замислиле, туку е работна рака на Кремљ.“

Тој напомена дека патријархот на Руската православна црква Кирил „неодамна објави света војна против Украина и Западот“, во декрет издаден за време на конгресот на Светскиот руски народен совет одржан на 27-28 март.

Мур исто така објасни дека патријархот Кирил порано „ветил дека на Русите кои ќе загинат, борејќи се против Украина ќе им бидат измиени сите гревови,“ наведувајќи ги коментарите на патријархот направени во неделна проповед во септември 2022 година.

„Стратегијата за создавање маченици е многу слична на (таа на) ИСИС,“ рече Мур, наведувајќи ја Исламската држава, исламска милитантна организација која зазеде големи делови од Сирија и Ирак и има извршено терористички напади ширум светот.

Мур опиша неколку случаи на украински пастори кои биле претепани и мачени од руските агенти и официјални лица, нагласувајќи дека „поголемиот дел од украинските христијани не можат да зборуваат јавно,“ дури и кога се во странство, бидејќи нивните членови на семејството се под закана за насилство од руските официјални лица.

Тој исто така ги предупреди членовите на Комисијата за напорите на Русија да го прикрие таквото прогонство преку дезинформациски кампањи насочени кон конзервативните христијани во САД, тврдејќи дека Украина ги репресира христијаните — особено бидејќи Украина успешно истражи неколку свештеници на Украинската православна црква кои имале долгорочни врски со Руската православна црква и кои ѝ откривале на Русија воени позиции на Украина и дистрибуирале руска пропаганда за дестабилизација на безбедноста.

/ucanews.com

4 COMMENTS

  1. Украинската пропаганда ниту заедно со сите свои западни финансиери и помошници не може да им наштети ниту на угледот на Руската Армија ниту на подвизите на пастирите и верниците на Руската Православна Црква. Подготвеноста на украинските емигранти, на украинските челници итн. на секакви лажни сведочења за слатки американски и европски, па и на ограбените руски пари од западните банки се нашироко разоткриени и познати. Украинците си изградија толку сомнителен имиџ токму на Запад, што ќе треба длабоко да се соземат од агонијата којашто самите си ја создадоа, а ќе ги стигне токму од нивните божемни заштитници. Кој што си посеал тоа и ќе си жнее, нели? И кој на друг му копа јама, на крајот самиот во неа паѓа. На здравје бричење, Украина!

  2. Nie vo Makedonija sme svedoci na podelbi , na pravoslavniot narod na dva tabora, a vo Ukraina isto, edna proruska, koja vrsi pritisok na neproruski opredeleni i si sproveduva svoja programa za sirenje na ruska propaganda i onaaa prozapadna, postavena za da se utvrdi vlijanieto na zapad vo drzavniot sistem i vo crkvata , i vo taa i vo taa ukrainski narod ,semejstva sto sakaat da opstanat , i da se realiziraat prvenstveno ko ludje.

    • Нема споредба меѓу Македонија и Украина. Ништо не е исто, нема ни да биде. Ни во менталитетот ни во внатрешната ни во надворешната политика на државите. Особено нема споредба во православното сведоштво. Грубо и невистинито е да се извлекуваат заклучоци за прашања со кои расудувачот не е запознат сеопфатно, но и одблизу. Украина е земја со екстремно офанзивна надворешна политика, Македонија обратно. Македонската Православна Црква има свештенство кое нема прекин во апостолското преемство, а т.н. Православна Црква во Украина нема такво свештенство. Демографската структура е исто така неспоредлива итн. итн. А што значи тоа некој да се реализира првенствено како човек или едно семејство како семејство е сосем друга, многу комплексна тема. Всушност нема простор за сведоштво во вашиот исказ.

      • Za mene ne e razlicna tema eden covek da se realizira sebe si ,od tema za hristijanstvoto,Samo preku ucestvo vo ispovedanje na pravoslavieto jas mislam deka posvedocuvame za se, za zivot sega i ovde, za ljubov sprema semejstvo sprema neprijateli, sprema Sozdatelot, seta priroda, soznanijata koi gi imame za sebe ,ucenja koi vo sekoja druga religija se nasocuvaat kon se nesto ,no ne i kon na Licnosta na Hristos i Negovoto propovedanje.Toa e samo vo hristijanstvoto.Prethodno sakav da kazam deka site povici na vojni za nekogo sveti ili ne ,( licno mislam deka mesto za vojna treba da otstapi mesto za dogovor zasto sepak ist e neprijatelot na covekot ) podelbi, razresuvanje svestenici, se vsusnost kon sopstven narod, pravoslaven.Pravoslaven Rus ubiva pravoslaven Ukrainec, a isto ispovedaat,imaat isti freski vo crkvite i molitvite ni se isti.Na zapad e ateizmot,kultovi,sektastvo,sluguvanje na zli sili koi covekot, vozljubenoto sozdanie na Sozdatelot za kogo duri i Sinot go prati za da go spasi , covekot na sekoj nacin sakaat da go potcinat i konecno unistat.Vlijanie vrz Ukraina od Zapad e jasno ,isto taka sigurno i Rusija ima pojavi ne e se taka idilicnoo ,tradicionalno i bez problemi . Kako i da e, tocno e sto kazavte deka moeto znaenje za pojavite i konkretni slucuvanja na dnevna baza od tie regioni se oskudni.Porano se informirav poveke.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img