Почетна Вести Рускиот патријарх тврди дека 40 милиони деца се убиени во абортуси
Рускиот патријарх тврди дека 40 милиони деца се убиени во абортуси

Рускиот патријарх тврди дека 40 милиони деца се убиени во абортуси

123
0

Рускиот патријарх Кирил јавно повика да се забрани абортусот, а особено да се забранат лековите кои предизвикиваат спонтан абортус.

Тоа го поткрепил со фрапантни податоци кои што ги објавил, а според кои во Русија биле извршени 40 милиони абортуси. Сепак, руските медиуми не посочуваат дали Кирил соопштил за кој период биле извршение овие абортуси, но го пренсуваат неговиот став дека таа бројка била многу поголема, бидејќи сите случаи не биле евидентирани

-Во последните години има зголемување на абортусите и преку специјални лекови кои сериозно им штетат на жените и ова мора да запре, изјавил Кирил во Москва.

Рускиот патријарх смета дека Русија не треба да биде либерална кон абортусите, бидејќи така ги крши божјите закони.

-Црквата не смее да остане со скрстени раце кога годишно имаме стотици илјади изгубени животи преку абортуси, рекол Патријархот Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *