Почетна Вести Европа Рускиот патријарх со скандал ја почна посетата на Белорусија
Рускиот патријарх со скандал ја почна посетата на Белорусија

Рускиот патријарх со скандал ја почна посетата на Белорусија

692
1

Посетата на Москвскиот и на цела Русија Патријарх Кирил на Минск – Белорусија, почна со скандал.

Рускиот патријарх е во белоруската престолнина за осветувањето на новиот катедрален храм “Сите Светии”, а таму ќе се одржи и тридневна седница на Светиот Синод на РПЦ.

На првиот ден од неговата посета, белорускиот свештеник о. Александар Шрамко беше ставен под забрана да служи како свештеник заради свој пост на личната страница на Фејсбук, придружен со слики од пречекот на патријархот. Забрана доби силен одек, бидејќи свештеникот е почитуван во главниот град, а и е блиску до возраста за пензионирање. Така неговиот коментар посветен на безбедносните мерки за заштита на поглаварот на Москоскават Патријаршија, доби широк одек и беше споделен во сите локални, руски и украински медиуми.

Евце што напиша белорускиот свештеник:

“Не, разбирам дека миењето на нозете на бездомници бара непор. Но, постојат и такви едноставни работи кои не бараат подвиг. Дури и ништо не коштаат. Но, тие се високо ценети. Можеби некој во патријархалното опкружување ќе му каже на главата на Руската православна црква, напиша белорускиот свештеник на Фејсбук, по што доби забрана за служење.

Коментар(1)

  1. Зашто имам чувство дека оваа страница се изразува малку несоодветно кон Руската Православна Црква и како да има повеќе симпатии кон Фанариотите – старите и денешните и идните душмани на Македонците и на нашата Црква? Можеби само такво чувство имам. Нашата шанса никако не можеме да ја темелиме на Цариградската Патријаршија и нејзината милост, а најмалку да поддржуваме прозападни ориентации кон кои, очигледно, е насочена Црквата во Цариград. Тоа е нејзина политичка ориентација, нема ништо заедничко со црковните вредности и правила, а нашата иднина исклучиво мораме да ја темелиме кон Исток.

Напиши одговор на Коста Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *