Почетна Вести Рускиот патријарх Кирил во историска посета на Британија
Рускиот патријарх Кирил во историска посета на Британија

Рускиот патријарх Кирил во историска посета на Британија

104
0

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја започна во саботата попладнето историската четиридневна посета на Велика Британија по повод 300-годишнината на русото православие во Велика Британија, во моментите кога односите меѓу двете земји се на најниското ниво поради конфронтацијата на Западот и Русија.

Патријархот Кирил во сабота веднаш отслужи на Божествена литургија во една од двете истоимени цркви „Успение на пресвета Богородица“ во Лондон, поздравен од стотици верници и од архиепископот Берлинско-Германски и Великобритански Марк од Задграничната Руска православна црква. Ваквата состојба на постоење два храма со исто име во Лондон потекнува од периодот кога во 2007 година беше воспоставено канонско единство на Руската задгранична православна црква со Московската патријаршија.

Рускиот патријарх кој е близок и поддржувач на русиот претседател Владимир Путин кој, пак, е „анатемисан“ на Западот, и кому ова му е прва посета на Британија, во вторник ќе разговара со кралицата Елизабета Втора како и со Кантерберискиот надбискуп Џастин Велби.

„Посетата на патријархот Кирил ќе им помогне на двата народа да ги зајакнат врските на меѓусебната доверба“, изјави за агенцијата РИА, претставникот за надворешни работи на Руската православна црква, митрополитот Иларион. „Односите меѓу Русија и Велика Британија не се најдобри во моментов“, додал.

Претходно седмицава британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон повика на протести пред руската амбасада во Лондон поради операциите на Русија во Сирија. Во парламентот некои пратеници ја обвинија Русија за „воено злосторство“. Пратеникот Ендрју Мичел, поранешен државен секретар за меѓународен развој ја споредил интервенција во Сирија со однесувањето на нацистите во текот на Шпанската граѓанска војна во 1930-те години.

На тоа од Москва одговорија дека неговиот повик е производ на „русофобна хистерија којашто редовно ја поттикнуваат некои членови на британскиот естаблишмент“ под влијание на Вашингтон.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *