Почетна Вести Рускиот патријарх испратил порака: Статусот на МПЦ мора да се реши
Рускиот патријарх испратил порака: Статусот на МПЦ мора да се реши

Рускиот патријарх испратил порака: Статусот на МПЦ мора да се реши

903
1

Руската православна црква никогаш не се откажа од напорите за решавање  на спорот кој СПЦ и го наметна македонската православна црква. Ова е пораката на Рускиот Патријарх Кирил, што во Скопје денеска ја пренесе неговиот викарен епископ Тихон.

tihon-kniga-2-Раната која и е нанесена на Македонската црква треба со заедничка помош од целиот православен свет да биде излекувана. МПЦ има многу што да му подари на православието, смета рускиот Патријарх.

– Секако не треба да биде замолчен овој апсурден, многу сензитивен момент, мислам за статус квото во прашањето за Македонската православна црква. Тоа треба да биде заедничка болка на целиот православен свет. Многу разговаравме за тоа со неговото блаженство, со претседателот, со претставници на МПЦ и сите сме длабоко убедени дека оваа рана на целото православие треба да биде излекувана. Патријархот Кирил и неговиот најблизок помошник, митрополитот Иларион овие денови ми се јави и ме замоли да ви пренесам дека Руската православна никогаш не отстапи од напорите да ја излечи таа болест, рече епископот Тихон.

Православните во Русија и во многу други земји, додаде епископот Тихон, со огромен интерес ќе дознаат за вашата земја, за македонскиот народ и за Македонската православна црква.

Коментар(1)

  1. Од устатата на Рускиот Патријарх во ушите на Српскиот Патријарх, конечно МПЦ да го добие автокефалниот статус што и припаѓа според сите канони, но ако мисли на широка автономија во состав на Српскиот Патријархат МПЦ-СП, благодариме, не ни треба таков статус

Напиши одговор на Nikolaj Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *