Почетна Вести Христијанство Романскиот Патријарх го спомна Архиепископот како „Стефан – Охридски и Скопски и на Северна Македонија“

Романскиот Патријарх го спомна Архиепископот како „Стефан – Охридски и Скопски и на Северна Македонија“

584
1

Романскиот Патријарх Данаил на последната литургија го спомна името на Архиепископот г.г. Стефан и во пракса го воведе признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.

За време на Големиот Вход, кога се спомнуваат имињата на поглаварите, Романскиот Патријарх го спомна Архиепископот Стефан, користејќи ја формилацијата „Стефан, Охридски и Скопски и на Северна Македонија“.

Романската Патријаршија неодама одлучи да се согласи со признавање на автокефалнста на МПЦ-ОА под името „Архиепископија на Охрид и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“.

Подоцна романските архиереи соопштија дека за целосно прифаќање на МПЦ-ОА во православниот свет потребен е и конечен Томос од Вселенската Патријаршија.

-После признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 од Патријаршијата на Србија, кој ѝ доделува автокефалија на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да започне (консултации) и издаде конечен томос за автокефалија за да изрази сеправославен консензус по ова прашање на признавање на автокефалијата, стоеше тогаш во соопштението на Романската Патријаршија.

Коментар(1)

  1. Охридска не ја сакаа, а на северна се наковаа.
    Со свој камен по глава. На здравје бричење и кратко потшишување.

Напиши одговор на православието е љубов Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *