Почетна Вести Европа Расчинет свештеникот на РПЦ, кој не сакаше да се моли за победа на Русија
Расчинет свештеникот на РПЦ, кој не сакаше да се моли за победа на Русија

Расчинет свештеникот на РПЦ, кој не сакаше да се моли за победа на Русија

581
4

На 11 мај 2023 г. московскиот градски епархиски суд на Руската православна црква го лиши од чинот клирикот на храмот „Апостол Андреј Првоповикан“, презвитерот Јован Ковал, кој на богослужение не се молел за победа на Руската Федерација во војната против Украина, како што било пропишано, туку за мир. За ова соопшти неодамна лишениот од протоѓаконскиот чин Андреј Кураев.

Како што пишува СПЖ, презвитерот Јован Ковал ја редактирал молитвата која биле задолжени да ја прочитаат сите свештеници на РПЦ, заменувајќи го зборот „победа“ со зборот „мир“ во фразата „подигни се, Боже, на помош на народот Свој и со Својата сила подај ни победа“.

На 3 февруари 2023 г. патријархот Кирил со свој указ му забрани свештенодејство на споменатиот клирик.

Како што соопштува о. Андреј Кураев, „според најдобрата традиција на овој суд, на обвинетиот не му било дадено правото да биде запознаен со обвинението сѐ до почетокот на судскиот процес и не му било дозволено да повика заштитник адвокат“. Тој додава дека „свештеникот Јован Ковал се помоли за мир и ‘црковниот суд’ го лиши од чинот, додека протојерејот Андреј Ткачов, кој повика да се кастрираат украинските војници – е почестен со награда“.

За време на црковното судење, свештеникот не се откажал од својата позиција. Решението за негово свргнување од чинот судот го основал на 25 канон на светите Апостоли, обвинувајќи го свештеникот за прекршување на дадена заклетва, односно на ветувањето за послушание на свештеното началие. За конечно стапување во сила на одлуката на црковниот суд, потребно е таа да биде потврдена од патријархот.

Јован Ковал е роден во Украина, во градот Првомајск, во Луганската област. Има пет деца.

Коментар(4)

  1. Religija vi vrie pod noze pa brisete komentari! Pred Bog ne mozete nisto da izbrisete! Neka vi sluzi na cest!

  2. Руската Црква се моли за мир! Лично сум сведок на тоа!

  3. Руската црква ги благословува проектилите испукани кон украинските градови. Чудни некои молитви и пораки за мир.

  4. Дај линк како потврда за твоите зборови. Руската Црква се моли за мир. Вартоломејската Црква ги гони христијаните во Украина. Им ги пали храмовите, ги тепа, ги руши…

Напиши одговор на M Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *