Почетна Вести Продажбата на буркини зголемена 200 отсто по забраните во Европа
Продажбата на буркини зголемена 200 отсто по забраните во Европа

Продажбата на буркини зголемена 200 отсто по забраните во Европа

202
0

Продажбата на буркини, преку интеренет, е зголемена „барем 200 отсто“ по забраната  во Европа и во некои други земји, тврди австралиската дизајнерка Ахеда Занети.

burkini plaza 3Оваа облека за плажа, специјално за муслиманкте,  е комбинација од бурка, традиционална женска облека кај некои муслимани и бикините, која ги остава соголени само лицето, рацете и стапалата.

Занети (48) која се смета за Австралијанка, затоа што , како што вели, целиот живот го поминала во Австралија, се облекува само во традиционалните муслимански женски облеки.

Се смета  дека таа ги има измислено буркините и вели дека првичната идеја била „да им се овозможи на муслиманките, слободно да се вклучат во австралискиот начин на живот на плажите„.

-Буркинито е израз на слободата на жената и претставува здраво живеење, а не нејзино угнетување – вели Занети,инсистирајќи дека не може никој да им кажува на муслиманките што да облекуваат.

Франција првично забрани носење хиџаб (целосно покривање на жените и девојчињата, освен очите) во училиште, оправдувајќи го тоа со безбедносни причини и со неможноста од идентификација на жената што го има на себе, но и за дискредитирање на исламизмот и за одбрана на секуларизмот.

burkini plaza 2Ова лето, градоначалникот на Кан, забрани на плажите да се носи буркини за да, како што рече,  се избегне двоењето на луѓето и одново, за да се заштити секуларизмот во француското општество.

Казната за непочитување на оваа забрана изнесува 38 евра и таа важи до крајот на авгист годинава.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *