Почетна Репортажа Видео Прекрасен видео спот – монашкото секојдневие во Бигорскиот манастир (видео)

Прекрасен видео спот – монашкото секојдневие во Бигорскиот манастир (видео)

2.44K
0

„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие во манастирот „Свети Јован Крстител“ или познат како Бигорски.

Песната деновиве доби и свој видео запис. Режија и монтажата се на Горан Костадинов, за камерата задолжени се Кристијан Теодоров, Александар Ивановски, а со дрон снимаше Дарко Данилов. Постпродукцијата е на Огнен Шапковски.

Бигорската свештена обител денеска информира дека видео спотот е изработен од врвни професионалци кои подолг период престојувале во Бигорското светилиште со цел да го доживеат и што поавтентично да го пренесат секојдневниот монашки живот во Обителта.

-„Среде пустинска убост“ зборува за монашкото секојдневие. Создадена е од светогорски монах, а Бигорското братство успеа да ја преведе и препее и да создаде композиција што плени со своите стихови. Во нив е искажана длабочината на монашкиот живот, а топлата архаична мелодија го пренесува мистичниот амбиент во кој што живее монахот- соопшти Бигорската свештена обител.

Бигорската обител изразува голема благодарност до сите учесници во проектот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *