Православието станува дел од холандското образование

Date:

Share post:

Во Холандија, од учебната 2025-2026 година ќе се воведе нова тригодишна пилот-програма каде што предметот „Православно христијанство“ ќе може да се учи како изборна програма во јавните училишта.

За формирање на одделение, ќе биде потребно да се пријават најмалку три деца од исто училиште, при штодиректорот на училиштето ќе го извести Центарот за формативно образование, кој посредува меѓу училиштата, Министерството за образование и официјално признатите верски конфесии.

Оваа можност се должи на реалноста што Православието е осма по бројност официјално призната кон­фесија во Холандија. Наставата ќе се одвива еднаш неделно, а ќе биде дадена можност и ученици од други верски заедници да се пријават за следење на предметот.

За да бидат акредитирани, наставниците мора да имаат диплома од православен теолошка факултет, да поминат прво ниво на психо-педагошки наставен модул, да зборуваат холандски на минимум Б2 ниво и да имаат најмалку две години искуство во настава.

Како што нагласи отец Јон Луга, кој е претставник на Митрополијата на Западна и Јужна Европа при Црквата на Романија, предизвикот е голем: формирање на наставен кадар, креирање на методологија и информирање на родителите и децата за можноста да го изберат овој предмет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови апсења по обидот за атентат врз митрополитот на Крим, Тихон (Шевкунов)

Руските безбедносни служби спровеле претреси во Москва, Псковската област и на Крим, во рамки на истрагата за наводниот...

Букурешт ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир во 2026 година

Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде...

„Божја заповед“ или стратегија? Русија планира православна капела под НАТО-радарите во Норвешка

На островот Вардо, во северна Норвешка, каде што се наоѓаат големи радарски станици на НАТО, се појавилнеобичен проект:...

Богојески: Јоване Вранишковски, време е да престанеме со манипулации

Господинот Јован Вранишковски повторно, во свој препознатлив стил, преку извртување на фактите, го коментира процесот на добивањето на...