Почетна Вести Регион Почина Милан Бандиќ градоначаникот на Загреб, големиот пријател на МПЦ-ОА
milan bandic
152773170_549470512685121_7091442933126329427_n
153225616_800215294171353_1651527212565900087_n
154137977_1178247522636531_1998707199854658987_n
154565478_3653556224692944_4317922543125335237_n

Почина Милан Бандиќ градоначаникот на Загреб, големиот пријател на МПЦ-ОА

253
0

На 66-годишна возраст, почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, јавуваат хрватските медиуми. На Бандиќ му се слошило доцна синоќа и со Брза помош бил превезен во болница.

Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Бандиќ во моментите кога му се слошило бил на вечера со негов пријател лекар, кој вели дека додека ја чекале итната помош, тој се обидел да го реанимира.

Милан Бандиќ беше голем поддржувач на МПЦ во Хрватска. Со негова заложба и МПЦ ја изгради својата црква Света Злата Мегленска во Загреб.

И покрај противењето на СПЦ, Милан Бандиќ ја вцрта маркицата за црквата во планот на Загреб, а и помагаше околу финансирањето на нејзината градба, понекогаш и со своил лични средства.

Бандиќ беше гостин и на Божикните и Велигденските литургии.

Владиката европски г. Пимен, под чија јуриздикција е црквата во Загреб, на својот фејсбук профил денеска напиша.

-Нека го насели Господ Бог во Царството Небесно чедото свое Милан, по молитвите на сите православни Македонци во Хрватска. Знае и Бог и ние со што заслужил, напиша Отец Пимен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *