Почетна Вести ПАПАТА: христијаните треба да им се извинат на хомосексуалците
ПАПАТА: христијаните треба да им се извинат на хомосексуалците

ПАПАТА: христијаните треба да им се извинат на хомосексуалците

402
3

Папата Франциск ги повика христијаните и Римокатоличката црква да им се извинат на припадниците на геј- популацијата и другите маргинализирани лица.

papa ermenija 1Папата изјави и дека од маргинализираните лица треба да се побара прошка поради начинот на кој ги третираат. Во разговорот со новинари во авион на летот од Ерменија до Рим, папата бил прашан дали се согласува со коментарите на германскиот кардинал Рајнхард Маркс дека црквата треба да се извини поради начинот како ја третира ЛГБТ-заедницата.

– Ние христијаните треба да се извиниме за многу нешта, не само за тоа како ја третираме ЛГБТ заедницата и не само да се извиниме, туку мораме да побараме прошка. Ако лицето кое е геј има добра волја и го бара Бога, кои сме ние да судиме – одговорил папата.

Тој додал дека извинување заслужува не само геј популацијата, туку и другите маргинализирани групи како сиромашните, жените што се искористуваат, децата кои се принудени да работат.

Франциск исто така укажал дека Шкотска и Kаталонија може по брегзит да се залагаат за сецесија, што може да предизвика балканизација на Европа. Тој ги повика европските лидери да бидат отворени за креативност и здрава разединетост, што би значело дека државите од ЕУ би имале повеќе независност и слобода.

Коментар(3)

  1. А ти Содоме и Гоморе пепел ќе постаниш и цел ќе изгориш и целиот народ освен избраните неколкумина , зошто одвратно беше пред лицето на Бога кога ги прати своите ангели во тие Градови , и кога стигнаа на портите и видоа внатре Маш со маш , жена со жена Божјата казна беше голема за вас . Зошто го направивте најодвратното и дур имавте време не се покајавте затоа сиот род од деца до стари , и целите градови ќе изгорите до ПЕПЕЛ ништо да не остане АМИН .
    24. Тогаш излеа Господ на Содом и на Гомор од небото дожд од сулфур и оган од Господа од небото.
    25. И ги сосипа оние градови и целата околија, и сите жители во тие градови, и сите растенија земни.
    26. Но жената Лотова, одејќи по него, погледна назад и се претвори во солен столб.
    27. А уредента рано, откако стана, Авраам отиде на местото каде што беше стоел пред Господа;
    28. и погледна на Содом и на Гомор и на целата околија и виде: и, ете, се креваше пламен од земјата како чад од печка.
    29. Но додека Бог ги унуштуваше градовите во онаа околија, се сети Бог на Авраама, па го изведе Лота од пропаста кога ги сосипуваше Господ градовите, каде што живееше Лот.

  2. Е многу се генерализира за секое нешто денес. Како може една група да се извини на друга група? И за што? ЕУ генерализира во поглед на заштита на правата на хомосексуалците, па со несмасни, тоталитаристички одлуки целејќи да ги заштити нив ги загрозува сите обични, нормални луѓе. Сега Римокатоличкиот поглавар со едно нездраво потсетување на заповедта за несудење и неосудување, само придонесува кон таа девијантна клима на решавање на комплексни пробелми со еднострани и безсодржајни повици, апели, поддршки, неподдршки… Кон што одведе оваа суштински празна практика на некакво осмислување на глобалното културно милје на живеење? Кон уште поголема анархија! Секој си ја пее својата песна, а Христовата платформа фактички бледнее и исчезнува во onaa потребна опипливост која значи конкретно, свето исполнување на заповедите, а не нeкој смешен обид да се врзе крај со крај. Никогаш не биле сите луѓе на светот (па и во едно општество, кое и да е) христијани, никогаш не се спасувале сите свесно и ревносно, никогаш луѓето не Го љубеле еднакво Бога, и никогаш на ниеден начин не биле еднакви меѓу себе. Хомосексуалноста е плод на гревот, обидот да се наметне таа како достоинствен пандан на благословениот брак е врв на човечката изопаченост и тоа никогаш нема да биде спорно за никого. Пропагандата којашто се спроведува на тој план е безмилосна. Затоа, ако еден христијански првосвештеник сака да ги предупреди христијаните за невнимателност кон паднатите во еднополови блудни дејства ќе мора да биде многу пообмислен во пораките за да не биде сфатен наопаку и за да не послужи на крајот самиот за потсмев кон верата во Господ Исус Христос. На крајот на краиштата: може ли телефонски да се пренесуваат пораки со толку широк опсег за така деликатно прашање на денешницата?

  3. Начинот на којшто еден човек зафатен од таа страст може да биде излечен со благодатните терапевтски сили Господови кои дејствуваат во Црквата секако подразбира неопходност таквиот, ако чувствува во себе вера во Живиот Бог, да ја сфати својата состојба како сериозна духовна болест со видливи телесни последици – што значи и потребата да биде лекуван во длабок и сеопфатен процес на лично покајание. Кога во ваков подвиг живеат сите искрени христијани, колку повеќе мора да го прифатат тоа оние со кои завладеал духот на неприродната похот! Болно е на кој било човек да му се предочи фактот дека неговте чувства и реакции се резултат на конкретна демоноопседнатост, но хомосексуалецот мора да го знае ова за себе за да може да се избори со таа напаст. Тој не смее да се самозалажува дека неговата состојба е Божја волја и даденост. Дури и да ги чувствува таквите нагони од најрана возраст, т. е. како вордени, треба да знае дека таквото наследство е гревовно наследство, значи како такво тоа е и отфрлливо, изменливо. Крст на кој таквиот човек мора да умре за своите страсти за да го достигне своето севкуно воскресение како здрава личност. Слава Му на нашиот совршено Милостив и Семоќен Бог Кој овозможи во Неговата Света Црква, преку светотаински достапни благодатни сили и достоен покајнички богољубив живот, сите луѓе да најдат лекови за своите телесни и душевни болки и според својот слободен избор и ревносен подвиг да го доживеат своето целосно здравје и вечно спасение.

Напиши одговор на Православен раб Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *