Почетна Вести Европа Папата Франциск: хомосексуалноста не е кривично дело
Папата Франциск: хомосексуалноста не е кривично дело

Папата Франциск: хомосексуалноста не е кривично дело

197
1

Папата Франциск ги критикуваше законите што ја криминализираат хомосексуалноста како „неправедни“, велејќи дека Бог ги сака сите свои деца и апелираше до католичките бискупи кои ги поддржуваат таквите закони да им посакаат добредојде на ЛГБТК луѓето во црквата. „Хомосексуалноста е не е кривично дело“, изјави Фрациск во интервју за агенцијата Асошиетед прес. Тој призна дека римокатоличките бискупи во некои делови од светот поддржуваат закони кои ја криминализираат хомосексуалноста или дискриминираат ЛГБТК заедницата. Сепак, тој ги припиша таквите ставови на различни културни фактори и додаде дека епископите мора да поминат низ процес на промена за да се препознае достоинството на секое човечко суштество.

Околу 67 земји ширум светот ги криминализираат меѓусебните доброволни хомосексуални активности, од кои во 11 може да се добие и смртна казна. Обединетите нации постојано повикаа на итно укинување на законите кои ја криминализираат хомосексуалноста, наведувајќи дека тие ги кршат правата на приватност и слободата од дискриминација и дека претставуваат кршење на обврските на земјите според меѓународното право за заштита на човековите права без разлика на сексуалната ориентација и родов идентитет. Со оценка дека ваквите закони се „неправедни“, папата Франциско изјави дека Римокатоличката црква може и треба да работи на нивно укинување. „Сите ние сме Божји деца, а Бог не сака такви какви што сме и за силата со која секој од нас се бори за своето достоинство“, изјави Франциск за агенцијата АП во Ватикан.

/Радио Слободна Европа

Коментар(1)

  1. Римскиот папа Франциск штотуку го даде недвосмислениот одговор за валидноста на наследството на првопрестолниот Петар (имено, Св. Апостол Петар) со кое со векови се фали Ватикан, па дури и распишува конкурс на таа тема за богослови од сите земји и конфесии. Ова не се пердувите на Петар, колку и да сакавте да се китите со нив. Можеби вам ви се допаѓа таа бижутерија, но ние православните без око да ни трепне ќе ја згазиме каде и да ја видиме. Човек да се наежи од вашите идеи за достоинство и за соборност.

Напиши одговор на Ангелина Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *