Почетна Вести Откако доби нож во грбот од СПЦ, руската црква и даде четири милиони евра за белградскиот храм

Откако доби нож во грбот од СПЦ, руската црква и даде четири милиони евра за белградскиот храм

217
1

Руската православна црква очигледно ~ го простила на Српската православна црква вртењето на грбот за јунската православна средба на Kрит бидејќи издејствувала руските фирми да ~ донираат четири милиони евра за внатрешниот мозаик во белградскиот соборен храм „Свети Сава“.

Договорот за ова донација на руската фирма „Гаспром њефт“ е потпишан завчера во Белград каде што пристигна највлијателниот руски митрополит Иларион Алфеев, кој е главен посредник во македонско-српскиот црковен спор. Во храмот кој се гради повеќе од сто години и треба да биде најголем на Балканот, руските и други уметници ќе изработат мозаици на 15.000 квадратни метри, а работите треба да бидат завршени за осум години.

1– Рускиот народ секогаш ќе му помогне на братскиот српски народ и Руската православна црква секогаш ќе и помогне на братската Српска православна црква. Се надевам дека со овој проект уште повеќе ќе се зајакнат врските меѓу Русија и Србија. Kога СПЦ апелира до нас да учествуваме во овој проект, јас без двоумење се согласив. Но, со оглед на обемот на тој проект стана јасно дека тој не може да се спроведе без помош на руската држава. Неговата светост, патријархот Kирил, апелира до рускиот претседател Владимир Путин и сега сме задоволни што тој проект напредува – изјави шефот на одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија.

Српскиот патријарх Иринеј, пак, потсети дека храмот е место во кое се обединува целиот српски народ од татковината, како и оние што по сила на условите останале во други држави.

3– СПЦ длабоко и е благодарна на Руската црква. Никој нема да успее да ги раздвои двата народа бидејќи не обединуваат односите од минатото кои се цементираат со осликувањето на храмот „Свети Сава“ – рече српскиот патријарх.

Kлучната улога на Руската православна црква со донирањето четири милиони евра покажува дека црковна Москва поминала преку неодамнешното одбегнување на СПЦ да се приклучи на блокот од неколку цркви што го бојкотираа православниот собор на Kрит. Тогаш, познато е, СПЦ првин најави дека нема да учествува на соборот и побара тој да биде одложен, што беше позиција и на Руската, Бугарската, Грузиската и на Антиохиската црква. Меѓутоа, непосредно пред почетокот на јунскиот собор српските владици се премислија и испратија своја делегација оставајќи ја РПЦ да го бојкотира соборот заедно со трите други цркви. Српската делегација најави и дека ќе го напушти соборот доколку тој не расправа за руските барања, но и тоа не се случи.

5Досега Московската патријаршија јавно не го коментира однесувањето на СПЦ. Познато е, двете цркви, како и официјалните државни власти на Русија и на Србија, имаат мошне блиски и пријателски односи. Во јавноста одамна е познато дека Русија има амбиција за што поголемо влијание и присутност во земјите на Балканскиот Полуостров, при што Србија има важно место во остварувањето на таквата стратегија.

Од друга страна, рускиот митрополит Иларион Алфеев досега не пројавил иницијатива за обновувањето на македонско-српските црковни преговори кои беа најавени уште за пролетта минатата година. На почетокот на ланската година тој успеа да го издејствува ослободувањето на експонентот на СПЦ во Македонија, Јован Вранишкоски, кој беше главен услов за продолжување на преговорите. Но, иако се очекуваше, оттогаш досега нема никакви најави дека наскоро би можеле да се случат директни контакти меѓу претставниците на двете цркви.

/ДНЕВНИК

Коментар(1)

  1. Моето скромно мислење е дека ова е понижување за СПЦ. Затоа што храмот посветен на најголемиот Србин го украсуваат припадници на друг народ.
    Фала Му на Бога што нашиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ е изграден и украсен од страна на Македонците и од сите останати народи кои живеат во Македонија, а не со странски донации.

Напиши одговор на Преспанец Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *