Почетна Вести Регион Од Соборот на СПЦ ниту збор за МПЦ-ОА
Од Соборот на СПЦ ниту збор за МПЦ-ОА

Од Соборот на СПЦ ниту збор за МПЦ-ОА

408
3

Соборот на Српската православна црква заврши, а според официјалното соопштение на него ниту еден збор не е посветен за Македонија, нитуи пак има какви било детали дали е разговарано за какви било преговри со МПЦ-ОА.

Интересно е да се потенцира дека ова соопштение е прво по речиси 20 години во кое не се споменува ништо за Македонија, па ниту состојбата на ПОА, која беше дел од сите соопштенија, секогаш проследена со констатација дека во Македонија е загрозено правото на слободно верско изразување.

-Соборот со псебно внимание и грижа ги разгледа појавите кои го загрозиуваат, а во некои случаи и го нарушуваат единството на Православната Црква. Со исто внимание е земен предвид извештајот на Соборскиот Одбор од Јасеновац, а воедно беа разгледани и проблемите на СПЦ како во Србија, и во земјите од регионот, так и во сијаспората ширум светот. Во тие рамки подебно внимание е посветено на состојбата на нашата црква и положбата на српскиот народ на Косово и Метохија, каде неправидте и притисоците и насилството против српскиот народ и загросувањето на идентитетот, слободата, правата на имот на СПЦ продолжуваат, и тоа за жал во се потежок облик. Исто така Соборот се соочи со предизвиците пред кои се наоѓа нашата црква и народ во Црна Гора, каде новата власт избегнува да го потпише веќе усогласениот Темелен договор меѓу СПЦ и државата Црна Гора, со што СПЦ е дискриминирана во однос на сите други цркви и верски заедници кои дејствуваат во Црна Гора, пишува во соопштението на СПЦ.

Овој беше прв Собор на СПЦ, по изборот на новиот поглавар Патријархот Порфириј.

Коментар(3)

  1. Така вие си мислите, кои не знаете да прочитате што пишува во Соопштението на САС на СПЦ.

  2. Можда је то добар знак за решавање овог питања.

Напиши одговор на Слободан Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *