Почетна Вести Новинар на Фокс Њуз се јави во живо од црква на МПЦ во САД

Новинар на Фокс Њуз се јави во живо од црква на МПЦ во САД

1.04K
3

Чарли Ланготон, водител на вестите на „Фокс Њуз 2“ од Детроит ја посетил Македонската Православна Црква „Пресвета Богородица“ во Детроит и бил воодушевен, па решил сето тоа да го документира и да го сподели на својот Фејсбук профил.

Лангтон направил разговор со локалниот свештеник на МПЦ и истиот го пренесувал во живо на фејсбук.

Новинарот на „Фокс Њуз“ воодушевен од градбата и фрескоживописот на црквата се заинтересирал целосно за црквата, нејзината историја, како и тоа кои верници доаѓаат во нејзе.

Погледнете го видеото на Чарли Лангтон, кој на неговиот Фејсбук профил го најави како „Внатре во една најубавите во центарот на Детроит, на македонската црква Пресвета Богородица„

Коментар(3)

  1. Како е возможно иноверец, без разлика за кој и да се работи (во случајов познатиот новинар), да биде внесен во најсветиот дел од храмоt-Светиот Олтар, и уште згора да застане пред Чесната Трпеза(или Светиот Престол) и да помине низ Царските Двери?!?! Во православната практика, ова не е дозволено на ниту еден крстен лаик (член на Црквата Христова), освен што со благослов на крстен лаик од машкиот пол му е дозволено да влезе во Светиот Олтар, по потреба но не и секогааш….

  2. Mnogu ubavo, novinarot si vleguva vo oltarot, pa duri i niz dverite pomina, a svestenikot pee li pee….

  3. За жал свештеникот ја профанизирал својата вера, најпрвин поминувајќи низ дверите без епитрахил и фелон, а уште пострашно пуштајќи да помине низ најсветиот дел на храмот човек кој не е ни крстен во православна вера, о Господи дај ни ум и страв Божји!

Напиши одговор на Владимир Шокаровски Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *