Нови апсења по обидот за атентат врз митрополитот на Крим, Тихон (Шевкунов)

Date:

Share post:

Руските безбедносни служби спровеле претреси во Москва, Псковската област и на Крим, во рамки на истрагата за наводниот обид за атентат врз Симферополскиот и Кримскиот митрополит Тихон (Шевкунов), соопшти Центарот за односи со јавност на ФСБ. Според нив, биле испрашани лица од блиското опкружување на осомничените, а при тоа се добиени нови информации кои укажуваат на вмешаност и на други лица, чии идентитети и правен статус засега не се соопштуваат.

Во февруари оваа година беа уапсени две лица – помошникот на митрополитот Денис Попович и клирикот Никита Иванкович. ФСБ тврди дека тие учествувале во подготовка на напад врз митрополитот Тихон и дека при претресите биле пронајдени докази кои го потврдуваат нивното учество, како и агитациски материјали на терористичка организација забранета во Русија, без да се прецизира која.

Според руската безбедносна служба, целта на планираниот атентат била попречување на преговорите меѓу Русија и САД, а украинските служби наводно очекувале дека со убиството на митрополитот ќе се спречи продолжувањето на мировните разговори за Украина. Новинарката Ксенија Лученко, означена од Кремљ како „странски агент“, ја нарече оваа верзија апсурдна, истакнувајќи дека е нелогично двајца студенти да биле информирани за дипломатски разговори на високо ниво и дека митрополитот Тихон би бил клучна фигура во нивното реализирање и одвивање.

Според информациите, уапсени се уште двајца лица, меѓу кои професорот Георгиј Битбунов, кој повеќе од 15 години предава литургика и црковно пеење во Сретенската богословија во Москва, и украинскиот ипоѓакон Алексеј Бородај, колега на првите обвинети. Попович и Иванкович, кои се наоѓаат во истражен затвор, не ја признаваат вината и тврдат дека биле подложени на измачување со електрошокови и на закани кон нивните семејства. Иванкович изјави дека доказите против него биле подметнати, вклучувајќи и лопата која, според истрагата, била користена за закопување експлозивно средство во московскиот парк Терлецки.

Случајот предизвикува сè поголем интерес во руската јавност поради вмешаноста на лица поврзани со црковнитеинституции, а од Московската патријаршија засега нема официјален коментар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православието станува дел од холандското образование

Во Холандија, од учебната 2025-2026 година ќе се воведе нова тригодишна пилот-програма каде што предметот „Православно христијанство“ ќе...

Букурешт ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир во 2026 година

Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде...

„Божја заповед“ или стратегија? Русија планира православна капела под НАТО-радарите во Норвешка

На островот Вардо, во северна Норвешка, каде што се наоѓаат големи радарски станици на НАТО, се појавилнеобичен проект:...

Богојески: Јоване Вранишковски, време е да престанеме со манипулации

Господинот Јован Вранишковски повторно, во свој препознатлив стил, преку извртување на фактите, го коментира процесот на добивањето на...