Почетна Вести Христијанство Николовски: СПЦ одигра маестрален потег, а на Србија и обезбеди да биде значаен политички лидер на Балканот!
Николовски: СПЦ одигра маестрален потег, а на Србија и обезбеди да биде значаен политички лидер на Балканот!

Николовски: СПЦ одигра маестрален потег, а на Србија и обезбеди да биде значаен политички лидер на Балканот!

389
1

Новинарот Марјан Николовски – добар познавач на црковните прилики во земјава, за порталот Трилинг го презентира својот став по вчерашниот историски ден за македонската црква и признавањето на автокефалност од СПЦ:

„Одлуката на Српската православна црква да даде канонски отпус на МПЦ-ОА и со тоа да се согласи епархиите што во 1922 ги доби од Вселенската Патријаршија да ги управува, сега да ги отстапи на МПЦ-ОА како идна автокефална црква е логичен чекор на Српската Црква, откако по 9. мај беше јасно дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ќе издаде Томос за автокефалност во Македонија.

Изборот на СПЦ беше да се противи на Вселенската патријаршија и во овие геополитички околности да бидат лошите момци и да и предизвика дополнителни политички проблеми на матичната држава Србија, или да биде конструктивен играч, кој ќе и донесе политички поени на сопствената матична држава.

Со други зборови СПЦ одигра маестрален потег, откажувајќи се од нешто што реално повеќе од 80 години не го поседува, а за возврат и обезбеди на Србија да биде значаен политички лидер на Балканот.  Од креатор на конфликт, Србија сега ја игра улогата на креатор на единство и пријателство на Балканот.

Од друга страна СПЦ на овој начин инидиректно и овозможува на Руската Црква аргумент дополнително да ја оспорува украинската автокефалност, трасирајќи пат како всушност треба да изгледа процес на општопризнат автокефален статус на нова црква. Оној што мисли дека нешто преку ноќ се смени во менталитетот на српските владици, се лаже.

Вистината е дека некој помогна да се смени политиката на Српската црква, но да не заборавиме, откако пропаднаа сите нејзини обиди да воспостави духовна власт во Македонија. Прашање е дали ако Вселенската патријаршија не се вмешаше, денеска ќе го имавме ова решение.

Сега се е во рацете на Вартоломеј и неговото перо за потпис на Томосот со кој конечно ќе биде возобновена древната Охридска Архиепископија, но и нејзината претходничка Јустинијана Прима“ – смета Марјан Николовски.

Коментар(1)

  1. Каква црна Јустинијана прима!? Па Марјане, јуче сте сами цитирали интервју Вартоломеја – паше из Стамбола, да вам је ОГРАНИЧИО јурисдикцију на границе Северне Македоније и да је УКИНУО сваку могућност употребе имена Македонија у имену Цркве. Преведено на наш језик епархије МПЦ изван граница Северне Македоније, а има их четири, припадају Вартоломеју, а не МПЦ. Такође, у томосу ће да вам забрани име Македонска Православна Црква. Са друге СПЦ на коју сте много острашћеном пљували а и сада избацујете отровне реченице, јасно је рекла да нема намеру да ограничава јурисдикцију на границе Северне Македоније и да нема проблем са именом ММПЦ.ЗАшто се толико радујете фарисејском загрљају из Цариграда који ће вам на све ово довести и егзарха у Охрид? Почните да мислите мало својом главом ако сте већ добар познавач на црковните прилики во земјава. Срећно у лошим анализама и путу ка новом расколу који ћете врло брзо имати са Цариградом.

Напиши одговор на Милко Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *