Почетна Вести Митрополитот Тимотеј го изненадил владиката Пимен организирајќи му роденденска прослава
Митрополитот Тимотеј го изненадил владиката Пимен организирајќи му роденденска прослава

Митрополитот Тимотеј го изненадил владиката Пимен организирајќи му роденденска прослава

3.01K
6

Дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј бил домаќин и организатор на роденденот на Митрополитот Пимен денеска во Охрид. Покрај роденденскиот ручек и тортата, Митрополитот Тимотеј организирал и посета со кајче на манастирот Света Богородица Захумска во Заум.

На роденденот биле владиците Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски Јосиф.

pimen-rodenden-4Владиката Пимен, очигледно задоволен од оваа роденденска прослава, не штедеше пофални зборови за Митрополитот Тимотеј.

-Кога на сопствениот роденден си гостин затоа што постариот брат во Христа ти бил љубезен домаќин во Заум кој се погрижил за превоз и торта, а помладите браќа согости, ти останува само да воскликнеш како пророкот Давид: “Колку е убаво кога браќата живеат заедно”.
И чувај ни ја Боже слогата и љубовта.  И чувај ми ги оние 1К кои се сетија на мене и ми честитаа, напиша г. Пимен на Фејсбук, споделувајќи слика од настанот.

„Религија.мк“ ексклузивно ви објавува уште неколку фотографии од роденденската прослава на Пимен во Охрид.

Коментар(6)

  1. Убаво кажал митрополитот Колку е убаво кога браќата живеат сложно, ама во МПЦ не сум сугурен дека живеат сложно, кога едни со руги си ги вадат очите, а за љубов и да не зборуваме, таа ја има само во Светото Писмо.

  2. Е Марто, Марто изгледа ти живееш во некој друг свет, зар не читаш по порталите што пишуваат еден за друг, или по телевизиите како се навредуваат, ова е вистината, а ти како сакаш

  3. Е, Николај, ако си праведен, ќе признаеш дека вистината е следна: само еден излегува на телевизии и ги навредува сите, а некои и посебно, но не си видел никој од нив да му одговориле навредливо. А ситна боранија што се препукува по фб, не е битна – сега ја има, после ја нема.

Напиши одговор на Pavlina Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *