Ракетата што ноќта, на 23 јули ја погоди Спасо-Преображенската катедрала за време на гранатирањето на Одеса, предизвика остри реакции на Одеската епархија на Украинската Православна Црква, (Московска патријаршија). Русите практично ја урнаа сопствената црква во Одеса, која е симбол УПЦ-МП.
-Ракетата директно го погоди централниот олтар, при што беше делумно уништен објектот на катедралата, значително оштетени се преклопувањата на трите долни ката, внатрешната декорација и иконите. Канцелариските простории на долниот дел од катедралата се целосно уништени, стои во соопштението.
Како последица на експлозијата, во зградата на црквата избувнал пожар. Пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот. Повреден е чуварот на катедралата. Мажот добил лекарска помош и бил пренесен во болница.
Остри реакции кон Рускиот патријарх Кирил испратија Митрополитот Одески на УПЦ-МП, гатангел и неговиот викарен епископ, обвинувајќи го Патријархот Кирил дека со негов благослов ракетите ја погодија црквата.
Во продолжение нивните писма.
До Патријархот московски Кирил (Гундаев) и сите членови на Светиот синод на Руската православна црква
Имајте предвид дека на Соборот на Украинската православна црква на 27 мај 2022 година беше донесена одлука дека ние, на чело со нашиот претстојател на Украинската православна црква, целосно се повлекуваме од потчинетоста под Вас. Многупати, во вашите проповеди, зборувавте за единството на „Света Русија“, која целосно ја уништувате со вашиот благослов и дела.
Исто така, ве молам да обрнете внимание на фактот дека со ваш личен благослов денес руската војска води ѕверства и отворена војна против суверената територија на Украинската држава. Според мене, вие заборавивте дека, како во Русија, и во Украина има(имаше) ваши деца, кои Вие и ги сметате за такви, и ги благословивте оние што денес нив ги убиваат.
На мое големо разочарување, на последниот епископски собир во Москва не кажавте ниту еден збор за потребата да се стави крај на оваа Каинова војна. Да се запре со убиствата и уништувањето на мирните градови и села! Престанете со крвопролевањето! Вашите епископи и свештеници ги осветуваат и благословуваат тенковите и ракетите што ги бомбардираат нашите мирни градови. Денес, кога пристигнав на крајот на полицискиот час во Спасо-Преображенската катедрала во Одеса, видов дека руската ракета,„благословена“ од вас, долетала директно во олтарот на храмот, во Светињата над светињите, и сфатив дека Украинската православна црква веќе одамна нема ништо заедничко со вашите сфаќања.
Заради вашите лични амбиции ја изгубивте Украинската православна црква и другите цркви во земјите на „Света Русија“! Јазикот нема да се обиде да те нарече „Господин и отец“, затоа што ти си татко што ги предал своите деца на смрт и убивање! Ние го имаме нашиот љубен татко и Ава и затоа бараме – не го игнорирајте нашиот Претстојател, Неговото Блаженство Митрополитот Киевски и на цела Украина, Онуфриј, кој беше избран од Соборот на УПЦ и ве молам да не ја дискредитирате нашата Црква и да не ја уништувате со вашиот благослов. До ден денес, ниту вие, ниту вашите претставници, како митрополитот Леонид, или протоерејот Андреј Новиков, кој побегна од епархијата во Одеса, поради наводниот прогон од СБУ, не правите ништо за да нѐ поддржите како свои браќа, туку во објавите на Интернет само го оцрнувате името на Светата Црква, не покажувајќи почит кон некзиниот Поглавар и кон гласот на нашата Украинска Црква.
Како може да нѐ нарекувате нас, верните чеда на Украинската православна црква, а и одлуките на нејзиниот Свети Собор, такви што „одат по патот на расколот? Раскол, за кој зборувате вие и вашите клирици, се искажува со вакви називи. Денес вие и сите ваши следбеници правите сѐ за да ја уништите УПЦ на територијата на Украина. Не покажувате никаква икономија во однос на УПЦ. Зошто вие денес зборувате за канонските правила во однос на споменувањето на вас како Претстојател на Цркват, а од друга страна веќе подолго време Вие воопшто не ги спомнувате Поглаварите на Помесните Цркви. Дали врз Вас има политички притисок, како што велите, на територијата на Украина. Денес, ние (јас зборувам во името на многу епископи на УПЦ) ја осудуваме оваа луда агресија на Руската Федерација врз нашата независна земја. Ги осудуваме варварските освојувања на нашите епархии на истокот и на југот на Украина. Ја осудуваме репресијата и угнетувањето што ги прават вашите тела на привремено окупираните територии на Украина! Бараме повлекување од нашата Црква, од нашите епископи и нашиот поглавар! Ние имаме свој пат, којшто го избра Соборот на Украинската православна црква. Искрено ве замолувам да престанете. Секоја ракета што денес лета кон територијата на Украина, се доживува од нејзините жители како ваш „благослов“ за вашите деца.
Верен во послушанието на својот Претстојател на Украинската православна црква, Архиепископот Арциски, Викар на Одесската епархија и намесник на Патријаршиските манастири на Свети Илија и на Светото Успение во Одеса
ОБРАЌАЊЕ НА МИТРОПОЛИТ АГАТАНГЕЛ ОДЕСКИ И ИСМАИЛСКИ СО ЦЕЛА ПОЛНОТА НА ОДЕСКАТА МИТРОПОЛИЈА
Ваши Високопреосвештенства, епископи викари, пречесни отци, монаси и монахињи, драги браќа и сестри! Вечерва се случи најстрашниот настан во модерната историја – руска ракета по инструкции на командата на Руската Федерација го погоди духовното срце на мирниот град Одеса – катедралата Преображение.
Великиот дијамантски украс на Јужна Палмира стои во урнатини. Остатоците од ракетата го ранија срцето на секој граѓанин на Одеса кој со својот труд и молитва го обнови ова светилиште кое било уништено во далечната 1936 година.
Од 24 февруари 2022 година започна големата воена агресија на Руската Федерација во нашата родна Украина, луѓе умираат, се пролева човечка крв, се уништуваат градови и села, цркви и манастири. Која и да е целта на таканаречената срамна „специјална воена операција“, таа нема да може да ги оправда убиствата и насилството, уништувањето и принуденото раселување. Сè уште не разбираме: од кого сакаат да нѐ ослободат? Од животот? Ова е вистински геноцид врз украинскиот народ. Ова е лудилото на сите оние кои даваат наредби да се бомбардира Украина, да се убијат нашите војници и нашиот народ. Ние ја браниме нашата родна украинска земја, ги браниме границите на нашата суверена независна држава. Би сакале да нѐ остават на мир, да ни се даде можност да живееме спокојно под небото на нашата родна земја. Болка и страдање ја исполнуваат секоја верујушта душа на жителите на Одеса. Со што не угоди ѝ се допаднало на катедралата, што ја попречува, зошто ја поткопува? Има само еден одговор – силите на пеколот објавија отворена војна против Православието и највисокиот Божји дар – човечкиот живот. Нема да биде добро за тој што ја покрена оваа крвава и проколната војна, кој посегна по светилиштето и по човечкиот живот. Пророкот вели: „„И непријателот од север ќе го мавнам и ќе го протерам во безводна и пуста земја – предната сила – во источното море, а задната – во западното море, и ќе се крене омразата од него, и ќе се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло. Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто голем е Господ и може да го направи тоа.“ (Јоил 2, 20-21). Ќе ве потсетам на зборовите на нашиот Спасител: „Кој ќе земе меч, од меч ќе загине“ (Матеј 26:52). Денес, земја која се смета себеси за православна не може со збор да го почитува Божјиот закон и во исто време да прави зли и темни работи. Не е можно истовремено да му служиме на Бог и на владетелот на злото. Апостол Павле ги прашува христијаните од антички Коринт: „Што имаат заедничко светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? (Кор. 6, 14-15).
Почитувани Архијереи, отци, браќа и сестри!
Денес е голем тест за нашата Одеска митрополија и за нашиот град. Мораме, со Божја помош, да го преживееме ова иго. Верувам и се надевам дека ќе успееме да го обновиме нашето светилиште – Соборниот храм на Преображението. За жал, нема да можеме да ги вратиме во живот сите што гинат на бојното поле и цивилите. Најважно е да се потсетиме на зборовите на нашиот Спасител: “Имајте мир меѓу себе!” (Мк. 9, 50). Не оставајте ја молитвата, Господ е со нас, Неговата Божествена сила е со нас, Пресвета Богородица е со нас и големата плејада светители од земјата Одеса.
Само заедно сите ќе можеме да направиме уште повеќе добро, бидејќи злото и омразата треба да се разделат, а само светото Добро нѐ обединува сите во името на служењето на Бога и на нашиот украински народ. И благодарение на добрината, ќе можеме да го издржиме сето она што ни го подготвила Божјата Промисла, ќе можеме да ги надминеме сите искушенија и да го задржиме во нашите срца вечниот мир што никој нема да го одземе од нас.
Ние веруваме дека Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ ќе го благослови својот народ со мир и победа.
+ АГАТАНГЕЛ М И Т Р О П О Л И Т На Одеса и Измаил, Постојан член на Светиот синод на Украинска православна црква, Почесен граѓанин на градот Одеса и регионот Одеса


Samo sto NIKOGAS NE KAZAVTE KOGA BESE OPSTRELAN MANASTIROT NA SVETIOT STAREC ZOSIM I UMREA TRI KONAHINI. Ama toa nema problem vo Doneck e i e pod ruska kontrola.
Povtorno lazete i ne priznavate deka Soborniot hram vo Odesa e pogoden so PVO raketa od strana na ukrainskata armija. No vi se trese tloto pod nozete i se gleda krajot na vojnata i site lago sto se obiduvate da gi plasirate… rezija veke nema da ima i ke se govori i objavuva VISTINATA od koja premnogu se plasite!