Почетна Политичка теологија Мистерија на Тајната вечера: Распоредот на апостолите има многу важно значење
Мистерија на Тајната вечера: Распоредот на апостолите има многу важно значење

Мистерија на Тајната вечера: Распоредот на апостолите има многу важно значење

3.09K
2

„Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи е ремек дело на италијанската ренесанса. Сигурно сте ја виделе повеќе пати досега, но можеби овој факт за неа не сте го знаеле. Исус Христос е централна фигура на сликата, а апостолите се групирани по тројца во четири целини.

Ова дело на Леонардо да Винчи се наоѓа во црвката Санта Марија де ла Грација во Милано. Изработката на ова дело го нарачал Лодовико Сфорца – војвода од Милано.

Славниот сликар го започнал ова дело во 1495 година и тоа како експеримент. И покрај обичајот фреската да се слика на влажен гипс, Да Винчи работел на суво и резултатот бил извонреден. Сепак, поради тоа ова значајно дело почна да пропаѓа уште во првите години. Речиси 150 години по настанувањето, научниците процениле дека сликата не може да се спаси. Сепак, благодарение на реставрацијата, таа е зачувана.

Иако можеби не делува така кога ја гледаме на мониторите, „Тајната вечера“ е огромна и зазема речиси 40 квадратни метри. Во просторијата нема други уметнички дела, иако било во план на ѕидот наспроти неа да се наслика Распетието. По замислата на Да Винчи, на ѕидот е прикажан врвот на Вечерата – моментот кога Исус откри дека еден од ученицие ќе го предаде, така што на сликата се гледаат шок и гнев на апостолите. Истовремено, прикажан е и зачетокот на причеста, затоа што Исус Христос го зема лебот и виното, кои потоа станаа симбол на христијанската Света тајна.

Во оригиналната замисла, Исус имал нозе

Во 1652 година некој дошол на идеја да направи врата токму под Христос, така што нозете од ѕидот, се остранети. Претходно, традицијата налагала Јуда да биде отстранет од другите апостоли или да седи спроти Исус, додека дргите се прикажани како седат на една страна. Леонардо му дал малку посуптилен и драматичен ефект, ставајќи го Јуда во сенка.

Сликарот исто така, прикажува реална слика за пророчките зборови на Христос – дека првиот човек кој ќе го сподели лебот со него, ќе биде предавникот. Исус и Јуда се прикажани како посегнуваат по исто парче леб, иако кај сите вниманието го привлекува нешто сосема друго. Исто така, пред Јуда е истурена сол, што ја симболизира неговата лоша среќа.

Скриени значењата на тајните на сликата

Исус Христос е централен лик на сликата, а апостолите се групирани по тројца во четири целини.

Гледано од лево надесно, Вартоломеј, Јаков и Андреј се првата група од три апосоли и делуваат изненадено, а Андреја дури и исплашено. Во втората група се Јуда Искариотски, Петар и Јован. Јуда држи ќесе со сребро во десната рака, посегнувајќи по парчето леб од негова лева страна. Петар се наведнува, држејќи нож во десната рака кој ја симболизира неговата одбрана на верата и ревноста кон Исус, додека пак, Јован изгледа како да паѓа во несвест.

Третата група ја сочинуваат апостолите Тома, Јаков Постариот и Филип. Тома ја подигнува раката и ги истакнува прстите со кои Неверниот потоа ќе ги допре раните на Христос за да се увери во Воскреснувањето. Филип изгледа како да бара објаснување, додека Јаков Постариот меѓу нив изгледа ужаснат.

Последните тројца апостоли, Матеј, Јуда Тадеј и Симон Зилот изгледаат како да разговараат меѓу себе, според пишувањето на Лука (22:23) – „Тие почнаа да се прашуваат меѓу себе кој од нив може да биде тој што ќе го направи ова“.

Се некако е во знакот на бројот 3, кој ја претставува христијанската вера во Светата Троица. Зад Исус се наоѓаат три прозорци, а неговата фигура личи на триаголник.

/skopje24.mk

Коментар(2)

  1. А демек вие не забележавте дека на масата нема чаши и има жена ОВА Е НА ОРИГИНАЛНАТА СЛИКА

  2. Овој напис нема врска, да не речам без врска е!
    Не знам зошто воопшто се објавуваат вакви ефтини петоарачки приказни на овој сајт.
    Прво, оригиналната слика е дело на уметник (од ренесансно доба) и нема никаква врска со црковна православна иконографија!
    Леонардо си бил уметник, а не монах така да можел да си црта што си сака по своја желба.

    Второ, во Новиот Завет, никаде не стои Тајна вечера, стои Пасхалната вечера, во евангелијата по Матеј , Марко и Лука.
    Само во Евангелие по Лука на едно место е напишан наслов Последната вечера.
    Зарем не го читаме евангелието?
    Како може да се ослониме на безбожнички коментари и лаги за Пасхалната Вечера?
    Немало чаша, имало чаша , немало жена имало жена…

    За еден таков свет настан си дозволуваме да бидеме водени од паушални претстави?!
    Па на оваа Пасхална Вечера е востановена Светата Евхаристија!
    Читајте:
    Евангелие по Марко 14(22-24)
    …потоа ја зеде чашата, заблагодари , и им ја даде , и се напија од неа сите.
    И им рече :”Ова е мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.

    На секоја Литургија ја гледаме и пиеме од таа чаша , востановена пред 2000 години, и уште слепи, се фаќаме за “ петпарачки приказни “ за анализа на делото на некој сликар !
    Ви се молам !
    Очи имаме а не гледаме , уши имаме а не слушаме!

Напиши одговор на Димитар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *