Почетна Вести Ислам Месен нарезок деклариран како Халал со 40 проценти свинско месо – Стокомак го повлече
Месен нарезок деклариран како Халал со 40 проценти свинско месо – Стокомак го повлече

Месен нарезок деклариран како Халал со 40 проценти свинско месо – Стокомак го повлече

369
1

Месниот нарезок на Гурмес од Србија е повлечен од рафтовите на Стокомак, откако Исламската верска заедница утврдила манипулации со користењето на сертификатот Халал, кој означува безбедна храна за муслиманите по верските традиции. Агенцијата за Стандард Халал во Македонија утвридла дека во декларацијата на производот стои дека во составот има 40% свинско месо и 20% пилешко, а истовремено производот е сертифициран и со Халал стандард, по што побарала од трговскиот лалец Стокомак да го повлече.

-Во истиот производ има лого на Халал Стандард а во делот на состојки има и свинско месо 40%. Поради што Агенција за Халал Стандард на Република Северна Македонија која функсионира во рамките на Исламска Верска Заедница на РСМ, е едеиствено надлежно тело за сертифицирање на Халал стандард, и контрола на халал производи, поради чување на достоинството на Халал лого како и поради избегнување на можна заблуда на потрошувачите муслимани во Вашите маркети, бараме од Вас, ургентно да го повлекувате тој производ од вашите маркети, и за тоа да биде известено јавноста, во спротивно ќе бидеме принудени да ги земеме сите потребни прави дејствија, стои во дописот од ИВЗ до Стокомак.

Трговскиот ланец попаднево на Фејсбу објави дека го повлекува овој производ и им се извини на потрошувачите муслимани. Од компанијата велат дека се случила ненамерна грешка при аплицирањето на Халал логото по што целата амблажа за пакување на овој производ е повлечена.

Коментар(1)

Напиши одговор на Vasilie Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *