Почетна Вера Лазо Кутуровиќ по петти пат го фати Светиот крст во Струмица
Лазо Кутуровиќ по петти пат го фати Светиот крст во Струмица

Лазо Кутуровиќ по петти пат го фати Светиот крст во Струмица

58
0

Лазо Кутуровиќ, познат во Струмица, како Лазо Длгио, беше најсреќниот меѓу тринаесетте верници кои скокнаа по Светиот крст во водите на градскиот базен Аквариус. Верни на традицијата струмичани го посведочија осветувањето на водите, по повод празникот Водици- Богојавление.

– Учествувам повеќе од дваесет пати. Се фрлам по Светиот крст за среќа и здравје. Среќен сум што и оваа година успеав да го фатам. Воопшто не ми е тешко да учествувам, рече Кутуровиќ.

На церемонијата учествуваа голем број граѓани, претставници на локалната власт, на сите политички партии и на граѓански здруженија.

– Се надевам дека денешниот ден ќе не поттикне да се пронајдеме во верата и да ги сочуваме трпението и љубовта. Верувам дека покрстената вода ќе ни даде сила за поубаво денес и утре, истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Во Струмица централната манифестација се одржа во црквата „Св. Кирил и Методиј“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *