Комисијата за заштите од дискириминација бара извинување од Епископот Јаков – Јавните настапи му били дискриминаторски

Date:

Share post:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека епископот Јаков Стобиски извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Комисијата му наложи на епископот да се извини јавно, а доколку тој не го стори тоа, Комисијата ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд

Комисијата нотирала дека при јавните настапи епископот Јаков Стобиски изразил мислења, ставови и идеи кои се понижувачки, навредливи и деградирачки кон трансродовите лица и кои ја охрабруваат дискриминацијата кон ЛГБТИ-луѓето.

Епископот Јаков Стобиски во неколку јавни настапи деновива истакна дека ЛГБТ-лицата се „штетни за општеството“, а воедно ги нарекуваше „болни, сатанисти и посланици на ѓаволот“.

Во одлуката се вели дека иако Стобиски има право да ги искажува своите мислења и ставови јавно, не смее да охрабрува и поттикнува дискриминација кон одредена група луѓе или, пак, јавно да се залага за нивно маргинализирање и стигматизирање.

„Преку етикетирањето на трансродовите лица како лица кои „страдаат од ментално растројство“ и нивно поистоветување со педофилија, сатанизам, итн., Јаков Стобиски сериозно го повредил нивното достоинство и создал непријателска и застрашувачка средина. Претставувајќи ја и зборувајќи за трансродовоста како за „епидемија на трансџендеризам“, „настраност“, „пореметување“ итн., тој тенденциозно, но и погрешно ја претставил трансродовоста како болест и нешто штетно и заразно. Дотолку повеќе, со ваквиот говор тој поттикнал понатамошна дискриминација кон овие лица и нивните поддржувачи, со тоа што предизвикал и охрабрил лавина реакции на социјалните мрежи во кои е содржан вознемирувачки говор кон ЛГБТИ-лицата“ – се вели во соопштението од Комисијата.

Комисијата исто така препорачува епископот во иднина да се воздржува од јавни настапи со вознемирувачка содржина врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет или која било друга дискриминаторска основа, во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Иванов на гости кај Георгиј

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со учесниците на 16-та школа за млади лидери, што се одржува во Охрид,...

Владиката Петар удри по Владиката Јован – кратко траеше хармонијата во МПЦ

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар жестокот го нападна митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован, во гостување на поткастот НатКаст со Љупчо Цветановски. Гостувањето на...

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...

Голема екуменска конференција во Бостон

Во САД, во организација на Икуменскиот институт Хафингтон (Huffington Ecumenical Institute),  во Културниот центар „Малиотис“ при Хеленскиот колеџ...