Почетна Вести Кардиналот Паролин: Целибатот не е причина за скандалите
Кардиналот Паролин: Целибатот не е причина за скандалите

Кардиналот Паролин: Целибатот не е причина за скандалите

189
0

Државниот секретар на Ватикан, Кардналот Пјетро Паролин, признава дека во денешното општество на католичките свештеници им е потешко да живеат во целибат, или без право да стапуваат во брак. Но, воедно, Паролини, тврди дека тоа не е главната причина поради сексуалните скандали кои ја тресеа Католичката црква изминативе години.

Државниот секретар на Папата, сепак оценува дека целибатот ќе остане составен дел од функционирањето на римо-католичката црква.

-Во денешното општество навистина на свештениците им е тешко да живеат во целибат. Претходно имаше многу повеќе таканаречена „надворешна“ помош. Денеска сето тоа е по сложено. Меѓутоа целибатот е и останува голем Господинов дар на Црквата, на кој треба да му се заблагодариме длабоко. Целибатот сигурно не е причината за скандалите со свештениците. Причината е во незрелоста слабоста на личноста, злобата, лошата формација и слично, изјавил Паролин за ватиканското радио.

Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан
Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан

Католичката црква, за разлика од Православната не дозволува свештениците да стапуваат во брак.

Во целибат во православниот свет живеат само владиците и монасите, додека свештениците за да можат да станат свештеници, задолжително мораат да стапат во брак.
Целибатот во Католичката црква беше предмет на критика изминативе години кога се случуваа серија сексуални скандали во кои беа вклучени свештеници на Католичката црква. Голем дел верски аналитичари во светот заговараа негово укинување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *