Почетна Интервју Jеромонах Кирил: Да постиме пред сè, од злото во себе

Jеромонах Кирил: Да постиме пред сè, од злото во себе

2.70K
1

-Постот е време во кое треба да практикуваме воздржание од секое зло, злото кое дејствува во нас, од сопствените страсти, гревовите кои дејствуваат во нас. Време кога треба да ја јакнеме својата самодисциплина и најважно, тоа е време благорпијатно, богоподарено во кое ние треба да се трудиме да се конектираме и општиме со Бога, нашиот спасител Господ Исус Христос, бидејќи токму тоа е и целта на нашето суштествување, соединувањето и станувањето едно со Бога, или како што го нарекуваат тоа обожение, охристовување, вели во интервју за емагазин.мк, јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир.

-Нашиот старец дедо Партениј, го споредува Великиот пост, светата Четириесетница со еден животен тек на човекот, бидејќи постот започнува со споменот на изгонувањето на Адам од рајот поради нивниот гревопад а со тоа и наш гревопад, оддалечување од Бога, а завршува со сесветото Христово воскресение, потенцира отец. Кирил.

Целото интервју со отец Кирил, во кое зборува за духовноста, за мисијата на Бигорскиот манастир, за традицијата на мијачката сејменска носија, прочитајте го ОВДЕ.

Foto: емагазин.

Коментар(1)

  1. Прекрасно кажано. Џабе ако постиш на вода и леб, а секое утро се караш со соседот што ти паркирал на местото кое мислиш дека е твое. Или: си постел строго цела седмица, ама во недела на пат кон црква сочно си го испцул шоферот од автомобилот пред тебе затоа што некоја секунда задоцнил да не тргне на зелено. итн. итн. Сепак, посната храна е само 10% од постењето.

Напиши одговор на православието е љубов Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *