Почетна Вера Ивица Андонов најрадосен во Велес
Ивица Андонов најрадосен во Велес

Ивица Андонов најрадосен во Велес

161
0

Ивица Андонов го фати светиот крст во осветените води на реката Вардар во Велес. Дваесет и седум годишното момче беше најсреќно помеѓу педесет и деветмината кои скокнаа во реката.

Тој во изминатите петнаесет години редовно учествувал на манифестацијата. Годинава нему му се насмевна радоста.

„Оженет сум и татко на едно дете, поточно ќеркичка. Не сум вработен. Среќен сум што годинава го држам во раце светиот крст. Би сакал на сите граѓани да им го честитам празникот и да им посакам здравје и среќа,“ рече Андонов.

Светиот крст во Вардар во Велес го спушти, Митрополитот Повардарски Агатангел

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *