Почетна Вести Италијански бискуп: Зад нападите во Берлин и Анкара не стои исламот, туку…
Италијански бискуп: Зад нападите во Берлин и Анкара не стои исламот, туку…

Италијански бискуп: Зад нападите во Берлин и Анкара не стои исламот, туку…

561
1

Иако на прв поглед работите изгледаат поинаку, убиството на рускиот амбасадор во Анкара и нападот со камион во Берлин немаат никаква врска со религијата, туку со економијата, тврди генералниот секретар на италијанската бискупска конференција.

galantinoВчера напаѓач со пиштол го усмрти рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, извикувајќи „Алаху акбар“ при нападот.

Истиот ден, само неколку часа подоцна, дошло камион влета во божиќен маркет во Берлин, за кој германските власти и полицијата веруваат дека се работи за терористички чин.

Меѓутоа, угледниот италијански бискуп Нунзио Галантино, во разговор за Кориере дела Сера, тврди дека вчерашните напади не се мотивирани од религија, туку од пари.

-Овие напади се сведуваат на себичност и опсесија. Војните им одговараат на оние кои се на власт и кои имаат пари, војните се идеални за оние кои тргуваат со оружје. На крај, најголемата цена ја плаќа обичниот народ, рекол Галантино.

Галантино тврди дека тука не се работи за судир на цивилизации, односно војна помеѓу христијанството и исламот.

-Не, ова не е судир помеѓу цивилизации. Воопшто не верувам дека се работи за тоа. Овој судир го потикнуваат оние на кои судирите им одговараат, рекол италијанскиот бискуп, па додал:

-Вулгарноста и агресивноста во говорите создаваат клима која од луѓето го извлекува најлошото. Ова е удар на нашиот мирен соживот. Погледнете што пишуваат медиумите, а особено што се пишува на социјалните мрежи. Омразата се шири како вирус и мораме да ставиме крај на тоа, заклучил Галантино.

Коментар(1)

  1. Очигледно бискупов не е запознааен со доктрината на исламот напишана во куранот, суната и хадисите.

Напиши одговор на Жарко Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *