Христијанство

Грузиската патријаршија ќе сослужува со МПЦ-ОА, но не го признава Томосот од СПЦ

By Уредник

February 16, 2023

Во вторникот, 14 февруари 2023 година, Грузиската црква на својата работна седница одржана во Тифлида донесе одлука за стапување во канонско единство со MPC-OA.

Претходно примила и разгледала писмо од Српската патријаршија и одлучила да не го прифаќа томосот за автокефалност од Српската црква. Сепак, во називот е исклучен зборот ,,Охридска“, па МПЦ-ОА ја именува како „Православна Црква на Северна Македонија“.

-Во текот на работата на Синодот се разговараше за прашањето за Православната Црква на Македонија. Излагање имаше претседателот на Одделот за надворешни односи на Патријаршијата на Грузија, Високопреосвештениот Митрополитот на Зугдиди и Чаиси, Герасим (Шарашениѕе). Тој пред членовите на Синодот го презентираше писмото што ни го напиша поглаварот на Црквата на Србија, Сесветиот Патријарх Порфириј (Периќ), во кое се наведува дека „расколот е исцелен и се врати евхаристиската заедница со неговата православна црква во Северна Македонија“, и дека Патријархот на Србија ѝ го дал Томосот за автокефалност на наведената Црква. Автокефалноста на Црквата на Македонија, покрај Црквата на Србија, ја признаа и Црквите на Русија, на Бугарија, на Романија, на Чешка и Словачка, додека, пак Црквата на Константинопол, на Антиохија, на Грција и на Полска стапија во евхаристиско општење со неа без да ја признаат автокефалноста. Свештениот Синод одлучи: Црквата на Грузија да влезе во евхаристиско општење со Православната Црква во Северна Македонија, чијшто поглавар е Блаженејшиот Архиепископ Стефан (Велјановски), стои во одлуката на Гризиската патријаршија.