Почетна Вести Големо НЕ за Соборот и од Грузиската Патријаршија
Големо НЕ за Соборот и од Грузиската Патријаршија

Големо НЕ за Соборот и од Грузиската Патријаршија

414
1

Gruziska crkva 2Како и што се очекуваше, Грузиска православна црква донесе конечна одлука за да не учествува на Сеправославниот собор закажан за 16 јуни на островот Крит.

Патријаршијата на Грузија, оваа одлука ја донела денеска на седницата на највисокото црковно тело, со кое претседавал Патријархот Илија.

Руските медиуми ја пренесуваат веста, потенцирајќи дека ова одлука е резултат на претходно донесените одлуки на Грузиската Патријаршија со кои таа не се согласува со голем дел од предлог текстовите од дневниот ред на Сеправославниот Собор.

Сега и официјално 4 помесни православни цркви нема да присуствуваат на Сеправославниот собор, што е речиси една третина од автокефалните православни цркви.

Се очекува реакција од Вселенската патријаршија, која и понатаму работи на одржување на Соборот.

Денеска или најдоцна утре најверојатно и Руската Патријаршија ќе го соопшти својот конечен став.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

  1. Не треба да се одржи Соборот, но истовремено во право е Вселенскиот патријарх, што бара да се одржи, па зошто поглаварите во Шамбези ги потпишуваа документите, ако тие биле неисправни, зар прво не ги прочитаа, не дискутираа по нив, или откако другите епископи, и свештени лица па и мирјани им укажаа на грешките, сфатија дека избрзале со одредување на датумот. А можеби Г.Г. Вартоломеј им ги подметнал, тоа е во крвта на Грците да подметнуваат, сетете се на Тројанскиот коњ, па и на Нишкиот договор во поново време.

Напиши одговор на Nikolaj Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *