Почетна Вера Гоце Атанасовски го фати крстот во Каменица
Гоце Атанасовски го фати крстот во Каменица

Гоце Атанасовски го фати крстот во Каменица

26
0

Деветнаесетгодишниот Гоце Атанасовски,  фудбалер во ФК „Саса“ денеска го извади Светиот крст од водите на Каменичка река во Каменица.

Атанасовски прв пат имаше среќа да го извади крстот од водата и во конкуренција на десеттина млади кои беа најхрабри да влезат во стдената вода, тој беше највешт и најсреќен.

– Посакувам крстот да им донесе среќа и бериќет на сите, па и на мене, рече Атанасовски.

Стотици граѓани од Македонска Каменица присуствуваа на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление-Водици. Одбележувањето на празникот започна со утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, по што беа осветени водите во Каменичка река и беше фрлен Светиот крст. Традиционално, за најсреќниот учесник, општина Македонска Каменица обезбеди подароци. Оваа година Атанасовски од општината доби златник со ликот на св. Јован Крстител.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *