Почетна Интервју Ѓорѓевски: Заканите на СПЦ нема да го исплашат Вселенскиот Патријарх да се откаже од решавањето на македонското црковно прашање
Ѓорѓевски: Заканите на СПЦ нема да го исплашат Вселенскиот Патријарх да се откаже од решавањето на македонското црковно прашање

Ѓорѓевски: Заканите на СПЦ нема да го исплашат Вселенскиот Патријарх да се откаже од решавањето на македонското црковно прашање

230
6

Новинарот и верски аналитичар Бранко Ѓорѓевски во интервју за „Локално“ ги анализира последните пораки од Српската православна црква, дека во случај на добивање на автокефалност на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе ги прекине односите со Вселенската патријаршија.

За ваквите ладни ветришта од Белград, Ѓорѓевски вели дека Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј не го плашат и дека во изминатиов период тоа веќе го докажал со заканите од Москва во врска со признавањето на Православната црква во Украина. Токму затоа Ѓорѓевски очекува Вселенскиот Патријарх да не се откаже од решавањето на македонското црковно прашање.

Во интервјуто Ѓорѓевски потенцира дека Вселенскиот Патријарх не случајно постојано зборува за потребата од решавање на отворените прашања во Православието, посебно за вклучување на сите народи кои се сега надвор од Православието. Посочува дека за нас тоа е добар сигнал кој добива се поголема поддршка од други православни цркви. По Грчката и Кипарската православна црква и Александриската патријаршија кои го поддржаа за ПЦУ, сега и претставник на Романската православна црква се појави на чествувањето кое Вселенскиот Патријарх го организира во чест на 30-годишнината од неговиот избор за вселенски патријарх. А тоа е индикативно, вели во интервјуто Ѓорѓевски.

СПЦ неодама, преку изјавата на епископот Антониј повторно прати заканувачка порака со прекин на односите со Вселенската Патријаршија за тоа што би можело да следи од нејзина страна во случај на признавање на македонската црковна автокефалност. Како треба да се доживее оваа порака?

-Јас искрено се надевам дека ваквата предупредувачка изјава на епископот Антониј е резултат на созанијата дека Вселенската патријаршија се подготвува да ја признае автокефалноста на МПЦ. Вакво нешто може и треба да се очекува од СПЦ бидејќи таа ќе се почувствува како засегната црква и ќе мора да одговори поостро. Таа, познато е, не ја прекина комуникацијата со Вселенската Патријаршија кога е признаена автокефалноста на Православната црква во Украина но се стави на страна на Руската православна црква и е во тој блок против Вселенскиот Партијарх г.г. Вартоломеј. А последните активности кои ги организира Руската црква покажуваат дека тој блок нема нови приврзаници меѓу православните цркви.

Ова не е прво предупредување од редовите на СПЦ. Во април годинава, во интервју за „Политика“ епископот Бачки Иринеј, дури на свој начин му се закани на вселенскиот патријарх дека би можело да го очекува и судење од страна на другите православни цркви ако направи нешто вака. Тој, пак, на МПЦ и упати предупредување дека ќе добие помалку од она што и се наменуваше со „Нишкиот договор“, дека ќе мора да и ги предаде под управа своите надворешни епархии на Вселенската патријаршија, дека на ВП ќе треба да и го отстапи манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези…

Значи, и ова е само ново предупредување кое, според мене, нема да го исплаши да го премисли Вселенскиот Патријарх од намерата да се реши македонскиот црковен проблем. Да постоеше таков страв немаше Вселенската патријаршија да започне со процедура на разгледување на нашето црковно барање за признавањето на нашата автокефалност и тој процес сега да биде веќе во поодмината фаза кога може да се очекуваат и конкретните решенија. Тoј процес сигурно ќе се забрза и со тоа бидејќи е очигледно дека црковен Белград не прифаќа тројна средба што се понуди да ја организира Вселенската патријаршија за решавање на нашето црковно прашање.

Индикативно е силното сојузништво кое градат СПЦ и Руската православна црква кога се во прашање односите и противењето на потезите кои ги прави Вселенската патријаршија. До каде ќе оди тоа?

-Очигледно е дека РПЦ тргнала во своевидна, нова, офанзива против Вселенската патријаршија и нејзиниот патријарх Вартоломеј. Целта е тој да се делегитимира како вселенски патријарх и да му се одземе правото да доделува томоси за автокефалност на нови православни цркви и тоа да може да се прави само со консензус на сите православни цркви. РПЦ е охрабрена со зајакнувањето на позициите на СПЦ во балканскиот регион по случувањата во Црна Гора и смета дека сега треба да се искористи тој ветер во свои едра. Искажаното на неодамнешната конференцијата во Москва и сега во Киев што ја организира РПЦ, укажува дека делегитимацијата на вселенскиот патријарх ќе оди со тоа дека тој ги крши каноните, дека тој ја злоупотребува позицијата, дека сака да стане православен папа, дека ја внесува политиката во Православието… Сето тоа се познати обвинувања за кои се сега прашање какви ефекти ќе имаат по останати православни цркви?

Она што го покажува листата на учесници на конференцијата во Москва и во Киев укажува дека ова офанзива на РПЦ ќе има ограничен домет. Забележително е дека на конференцијата учествувале само сојузници на РПЦ – имало претставници од СПЦ (Иринеј бачки и Антониј), имало од Црквата на чешките земји и на Словачка, од Белоруската црква, од Летонската, дел од владиците на Кипарската црква, од Грузиската црква… Таков „бојкот“ на РПЦ имаше и лани на православниот собор во Аман, што го организираа РПЦ и Ерусалимската патријаршија околу „зачувувањето на православното единство“.

Значи, и сега немало претставници од синодите на другите православни цркви кои се клучни за успехот на ваквата офанзива. Немало од Албанската православна црква, од Романската, од Ерусалимската, од Бугарската црква… Мислам дека поканите до нив биле испратени но тие решиле да не одат во Москва. А тоа е сигурен знак дека проценуваат дека не е време да влезат во некаков сојуз за соборување на вселенскиот патријарх.

Ова може да го охрабри Веселенскиот Патријарх да опстои на својата досегашна политика и идеи што да менува во православието, односно, во него да ги воведува народите кои сакаат своја православна црква каков што е токму случај со МПЦ-ОА. Но, од друга страна Руската црква сега тргна во градење на паралелна структура на афикански континент, кае е јурисдикцијата на Александриската патријаршија. И тоа е очигледно кршење на православните канони. Во Православието претстои бурен период на конфронтации и на поделби. Треба да се забележи и нов момент: на прославата на 30 – годишниот јубилеј од денот кога Вартоломеј станал вселенски патријарх имало претставник и на Романската православна црква, која до сега не се ставаше на нечија страна…

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ОВДЕ

Коментар(6)

  1. Za neveruvanje e deka Vselenskata patrijarsija ce si gi poremetuva osomstogodisnite vrski so Pecskata patrijarsija(SPC) zaradi edna komunisticka tvorevina, kako e pretstavena vo crkovnite krugovi, Makedonska crkva, so koja, ocevidno e, ne se znae sto ce bide, dali ce podpadne pod bugarskata ili albanskata crkva, kako prvo, a vtoro vo Makedonija se podrazbiraat e reseno crkovnoto so Ohridskata arhiepiskopija so arhiepiskopot Vraniskovski. Posebno e prasanjeto so Makedonska pravoslavna crkva koja e staka na makedonskata nacija I Makedonskata drzava, koi se pod golem znak na prasanje od Bugarija i od Albanija od koja se vecem poklopeni.

  2. Eee Georgi, Izvini sto ne ti go cestitav DENOT na albanskata AZBUKA. Kako go proslavivte vie vo MPC?

  3. Ma na tebe ne vredi da ti se objasnuva, nikogas nema da svatis, ni posle 50 godini objasnuvanja.

Напиши одговор на Svetislav Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *