Почетна Вести Франциск ја „призна“ Кина
Франциск ја „призна“ Кина

Франциск ја „призна“ Кина

99
0

Поглаварот на Римокатоличката Црква, Папата Франциск и оддаде почит на Кина потенцирајќи го моментот на почитување на Католичката црква кон кинеската голема историја на мудроста. Оваа изјава на Франциск има историски момент во односите меѓу Ватикан и Пекинг.

Франциск во интервју, потенцирал дека Кина отсекогаш за него претставувала рефернтна точка на вредности, бидејќи богатството на современа Кина почива на нејзината способност на иднината да гледа почнувајќи од сегашноста втемелена на културната историја.

Папата воедно на Кинезите и на Кинескиот претседател им ја честитал кинеската нова година.

-Посакувам Кинезите никогаш да не ја заборават својатата историска свест дека се голем народ со голема историја на мудрста, изјавил Папата Франциск.

Кинеските католици, кои според проценките ги има од околу осум до 12 милиони се поделени помеѓу официјално признатата црква и неофицијалната која одбива контакти со кинеската влада, тврдејќи дека одговора единствено пред Ватикан.

Кина и Ватикан немаат дипломатски односи од 1951 година, кога Ватикан го призна Тајван.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *