„ФБ“

„ФБ“

892
2

Деновиве за извесно време ми беа повлечени двата ФБ профила Otec Gavril и otec Gavril II . Некои “добронамерни” луѓе ме пријавиле на ФБ редакцијата, бидејќи најверојатно им пречеле постовите што ги споделувам.

Логично е да се прашуваш, кој би можел тоа да го стори? На кој му пречат тие текстовите?

Помислата ми вели – на едни мои најмили браќа, но да ја пресечиме истата навреме и да не се прелажуваме кон грев. Најточниот одговор, за кој нема да згрешам, е дека тоа му пречи на ѓаволот (сега излегува дека сепак ФБ не е тотално ѓаволска работа). Текстови за Бог, за љубов, молитва, покајание, смирение… само на ѓаволот можат да му пречат.

Во оваа прилика би сакал да го споделам моето мислење за ФБ, дали навистина е ѓаволска работа или не.

Имено, првиот ФБ профил го отворив пред отприлика 7 години и воопшто беше ненамерно. Тогаш за прв пат се враќав за Македонија од Австралија. Тоа беше за прв пат да ги оставам моите духовни чеда сами и ми беше жал, па само за нив го отворив, за да имаме контакт.

Меѓутоа, очигледно дека Господ си имал други намери, па наскоро почнаа да ми се приклучуваат и за мене нови и непознати лица. Сите со позитивни коментари од типот: ” фала Му на Бога и македонски свештеник да има ФБ за да можеме да си прашаме за црквата и духовниот живот”, “има од сите цркви свештени лица, само од МПЦ нема” и сл.

Наскоро бројот на пријатели порасна, а мене сето тоа ми даваше уште поголемо задоволство да Му служам на Бога и го проповедам Неговото спасително слово на вистината.

Откако го исполнив ограничувањето од 5000 пријатели, а се уште имаше понуди, некако бев принуден да отворам и втор профил Otec Gavril II. И овој профил почна да се полни, па во меѓувреме ја отворив и страницата Otec Gavril, каде што нема ограничувања за бројот на пријателства.

Не значи дека за сето тоа време немав искушенија да се заседнам и си го потрошам бадијала времето за молитва. Се надевам дека со покајанието сум го надокнадил, а ако не е, Господ нека ми прости.

Исто така и многупати размислував да се откажам, бидејќи ФБ ми го окупираше времето, но секогаш кога ќе помислев на тоа, ќе се јавеше некој на кој му бев потребен, ќе ми пишеше во инбокс за некој негов проблем, било да е тежок или лесен, барајќи совет. Господ е голем и знае колкумина беа тие, заради кои се уште останував на ФБ.

Така беше се до еден момент, кога по “експрес пошта” добивме забрана за користење на ФБ.

За сето време имав една пауза од 2-3 години и еве, по втор пат, некој се обиде пак да ме исклучи. Но, фала Му на Бога и на некои пријатели, кои ми помогнаа, ги повратив и двата блокирани профили со мали измени во именувањето. Сега профилот Otec Gavril e Otec Gavril Galev, а вториот профил Otec Gavril II е Gavril Galev (Otec Gavril II ).

Не е проблем дали јас ќе имам Фејсбук профил или не. Туку, прашањето е: што Му е угодно на Бог, а што не? Дали ќе се проповеда словото Божјо или не? Дали Му служиме на Бог или на мамона?

Точно е тоа дека ѓаволот во голема мера го има окупирано ФБ просторот и на него повеќе ќе најдеме лоши, отколку добри работи. Но, дали треба тотално да му го предадеме на него или пак ќе му парираме и ќе спасуваме колку што може повеќе души?

otec-gavril-2Ќе завршам со зборовите на Св. Ап. Павле, кои и Светиот Синод на МПЦ-ОА ги произнесе како свој став разгледувајќи го прашањето за користењето на социјалните мрежи од страна на свештенството: “Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене…но не е сè за поука. Никој нека не ја бара својата полза, туку ползата на ближниот. И за секого станав сè, само за да би го придобил за Христос!”

Пишува: Архимандрит Гаврил

Коментар(2)

  1. So godini samo sopki i steta da se pravelo, za bilo sto, pa makar i za FB oti e imeto na Otec Gavril. Otec se im smeta sto pravis. Se krijat pod mantiite a site gi znaat koi se:).

Напиши одговор на Pavlina Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *