Епископот Стобиски г.Јаков присиствуваше на прославата во градот Дидимотихо во Грција
Грчкиот град Дидимотихо вчера го прослави двојниот, верски и национален празник 28 октомври, верски затоа што на празникот Аја Скепи, храмот на градот слави во името на Богородица Елефтеротрија, а националниот празник за епот од 40тата од грчкиот отпор против италијанските сили.
Во петокот воочи празникот, Епископот Јаков отслужи празнична вечерна служба во сослужение на свештенството и монаштвото од Митрополијата на Дидимотихо, Орестиада и Суфли во присуство на Високопреосветениот Митрополит г. Дамаскин.
Во сабота на 28ми, Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли г.Дамаскин отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.
/Тивериопол






