Почетна Анализа ЕКСКЛУЗИВНО: На чуден начин се појави автобиографија на Архимандритот Јоаникиј, кој МПЦ ќе го прогласи за Светител
ЕКСКЛУЗИВНО: На чуден начин се појави автобиографија на Архимандритот Јоаникиј, кој МПЦ ќе го прогласи за Светител

ЕКСКЛУЗИВНО: На чуден начин се појави автобиографија на Архимандритот Јоаникиј, кој МПЦ ќе го прогласи за Светител

2.09K
2

Исклучително вреден и историски значаен документ пронајдоа Бигорските монаси, кој открива едена нова страница за животот и делото на Ракотинскиот Архимандрит Јоаникиј, кого МПЦ следната година ќе го прогласи за светец.

Станува збор за личната автобиографија, што самиот Јоаникиј ја напишал 1930 година, а Јоаникиј се ословил како: Смирениот и грешен Старешина на Ракотинскиот Манастир. Веста за овој вреден документ ја објави Бигорскиот манастир.

biografija-joanikijЛичната автобиографија на Преподобниот Јоаникиј била пронајдена во црквата „Успението на Пресвета Богородица“ во селото Ракотинци, каде што до 1986 година лежело нераспаднато телото на отец Јоаникиј. Овој значаен документ, кој ги открива личните податоци за Архимандритот, за кој јавноста досега знаеше многу малку, е пронајден во процесот што Бигорските монаси и Игуменот Патрениј го спорведувале како истражување на Јоаникиј во рамки на неговата постапка за канонизација, а со благослов и барање на Архиепископт г.г. Стефан.

joanikij-222-Веќе долго време се говори за овој новојавен Светија од нашата Татковина и од нашиот христољубив род: многумина се интересирале за неговиот свет живот, се потрудиле да пронајдат нешто повеќе за него, собрале драгоцени податоци, запишале, оставиле за поука на многумина… Меѓутоа, кога се исполни времето за неговото прославување и од земната Црква, Преподобниот самиот откри нешто драгоцено за него. Имено, кога нашиот богољубив Архиепископ, Неговото Блаженство, г. г. Стефан, му го возложи послушанието на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, да ги собере потребните податоци и да состави житие за ракотинскиот подвижник, овој веднаш се зафати со таа душеполезна работа. Така, во текот на неколкугодишното истражување за животот на Божјиот угодник, се најдоа солидни податоци, се собраа сите претходни трудови и истражувања за него, се разговараше со постари личности кои лично го паметат Преподобниот, се запишаа повеќе чуда што ги направил за време на животот, но и чуда што се случија во поново време од неговите свети мошти… Меѓутоа најголемото откритие се случи неодамна, кога тројца наши собраќа, испратени со благослов од Старецот, во селскиот храм на Успението на Пресвета Богородица во с. Ракотинци, каде што до 1986 година лежело нераспаднато телото на о. Јоаникиј, заедно со претставници од црковниот одбор во селото, пронајдоа лично негова автобиографија, велат монасите од Бигорски.

Она што е интересно е тоа што автобиографијата била пронајдена во црквата во која досега многумина влегувале и истражувале за неговиот живот и невозможно е никој досега да не ја забележи.

-Иако многумина претходно ја посетувале оваа црква и истражувале за него, едноставно, како самиот Светија да сакал токму сега да го обелодени својот живот, велат од Бигорскиот Манастир.

Овој документ е, всушност, личен ракопис од отец Јоаникиј. Toa, како што велат од Бигорски може лесно да се воочи од споредбата со останати документи од негова рака пишувани (дневници на касата, деловодници, инвентарни книги, познатиот негов лекарственик), како и од тоа што уште на првата страница, после неколкуте основни фактографски известија пишувани во трето лице еднина, во продолжение текстот е пишуван во јас-форма.

-Автобиографијата содржи 11 пишани страници, вклучувајќи ја и насловната, со формат 21х34 см. Текстот е пишуван на лош српски јазик и е најверојатно составен како одговор на едно барање од 1930 г. од тогашното српско црковно управителство во Скопје, што се потврдува и од еден запис за примени и испратени писма од деловодната книга што ја водел о. Јоаникиј. Според тоа барање сите свештенослужители од скопскиот округ биле должни да направат своја, како и биографија на знаменити личности од нивните парохии. Притоа, согласно тогашниот тирански и хегемонистички режим, од црковниот клир се барало безусловна послушност и верност кон државните и црковните власти и „будно чување на светото српство“, па така нашето домородно духовенство морало да трпи уште едно ропство, можеби подеднакво страшно како и турското, објаснуваат од Бигорскиот манастир.

На насловната страница од Автобиографијата пишува:

Биографија на Јоаникиј Ѓорѓевич, Игумен и Старешина на Манастирот „Св. Илија“, кај селото Ракотинци, ср(ез) Скопски;

а завршува со зборовите:

Но, Севишниот Бог, Кој ја храни и чува Црквата на камен, Он со Неговата семоќна рака ме сочува и мене, грешниот, до денес. Нему нека Му е слава и пофалба, сега и секогаш, и во веки веков. Амин!

Она што е особено значајно е тоа што оваа Автобиографијата содржи драгоцени податоци за животниот пат на Преподобниот Јоаникиј, кои ќе го надополнат неговото житие, но и ќе исправат некои заблуди и грешки.

-Така, на пример, досега се веруваше дека о. Јоаникиј се упокоил на 101 година, што би значело дека бил роден во 1839 година, бидејќи со сигурност се знае дека се упокоил во 1940 година. Годината 1839 е вржана и на мермерниот крст, поставен во осумдесеттите години на минатиот век. Меѓутоа, Преподобниот јасно си кажува во својата автобиографија дека е роден на 7/20 јануари 1847 година, во Охрид, „од Православни родители Ѓорѓи и Софија“. Понатаму, биографијата изобилува со фактографски податоци за неговиот живот, но содржи, исто така, и детални описи за страданијата што ги претрпувал од турските власти и од локални турски и арнаутски одметници, кои во неколку наврати сакале да го убијат, велат од Бигорски

Податоците од автобиографијата ќе влезат и во Житието на Преподобниот Јоаникиј, чиешто составување е веќе во тек. Истовремено со Житието, во тек е и пишувањето на неговото богослужбено последование, од познатиот химнограф на Великата Христова Црква во Константинопол, јеромонахот Атанасиј Симонопетриски.

Прославувањето на Преподобниот Јоаникиј Ракотински и неговото впишување во Диптихот на Светиите е предвидено за следната година.

Коментар(2)

  1. Ne treba da se zanemari faktot deka pred nekolku godini se krena panika deka se ukradeni svetite mosti na sveti Joanikij, za toa pisuvaa i site mediumi. A potoa monasite od bigirski koi gi imaa ukradeno i bez znaenje na arhepiskopot (zasto toj izjavi deka se vodi istraga kade se) ekspresno da gi vratat nazas. Pa sega se sramite so ovie prikazni deka navodno se bilo so blagoslov i po poslusanie. Ili koordinirajte se, ili ke predizvikuvate samo soblazni megu vernicite!
    Lazenjeto i dodvoruvanjeto e grev!

  2. Почитуван г. Славчо,
    Бидејќи Вашиот коментар содржи злонамерна тенденциозност и невистини, се најдовме повикани да дадеме одговор на него.
    Уште на самиот почеток би сакале да Ве увериме дека воопшто не Ви се лутиме што нѐ навредивте и нѐ нарековте крадци, како и да Ви се заблагодариме што нѐ поучивте дека лажењето и додворувањето е грев.
    Што се однесува до светите мошти на Преподобниот Јоаникиј, тие ниту беа украдени, ниту скриени. Вистина е дека извесно време тие престојуваа во Бигорскиот Манастир (секако не украдени од монасите, туку по Божја промисла донесени), а за тоа, се разбира, писмено беше известен и надлежниот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, кој, пак, го извести нашиот Архиепископ, г. г. Стефан. За сето ова постои архивирана документација, а за целото збиднување со моштите ќе има опширно објаснување во самото житие. Во 2010 година моштите беа пренеси во светата Архиепископија во Скопје, а со благослов на Неговото Блаженство и на надлежниот Митрополит, едно парче од нив остана во Бигорската Обител. Потоа, мало делче беше испратено во манстирот на Св. Јован Крстител во Бер, а од неодамна мала честица беше подарена и за храмот на Св. Николај Чудотворец во скопската населба Аеродром. Пред две години, Архиепископот го задолжи о. Партениј, игуменот на Бигорски, да се погрижи за житието и последованието на Преподобниот Јоаникиј. Тој процес е во тек и со него добро се запознаени и информирани одговорните црковни власти, како и црковниот одбор од с. Ракотинци.
    Ви благодариме уште еднаш и простете доколку со нешто Ве соблазнивме или натаживме.
    Божјата благодат нека нѐ покрива сите и нека ни ги омекнува скаменетите срца. Да не Го натажуваме преблагиот наш Бог. Да се трудиме да бидеме достојни последователи на Евангелието, на радостна вест, на љубовта, мирот, простувањето, а не да бидеме „верници“ со каинов синдром.
    Со почит,
    Братството на Свештената Бигорска Обител

Напиши одговор на Бигорски Манастир Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *