Почетна Вести ДНЕВНИК: Српските владици за преговорите со МПЦ се крстат во СДСМ
ДНЕВНИК:  Српските владици за преговорите со МПЦ се крстат во СДСМ

ДНЕВНИК: Српските владици за преговорите со МПЦ се крстат во СДСМ

483
3

Српските владици, најверојатно, ќе подотворат врата за меѓуцрковните преговори со Македонската православна црква на нивниот Сабор, кој вчера почна во Белград, водејќи се и со верувањето дека новата македонска владина коалиција предводена од СДСМ ќе го смени ставот кон црковниот спор, пишува дневниот весник „Дневник“.

Во анализиата весникот пошува дека вакво нешто може да се очекува доколку се анализираат актуелните меѓуцрковни релации и меѓусебните пораки и контакти кои беа пратени во изминативе месеци меѓу двете цркви.

Најголемите сигнали за отворањето на дијалогот, кој требаше да започне уште минатата година, со ослободувањето на Јован Вранишкоски од затвор, во изминативе два месеца дојдоа врзано со и токму од неговата Православна охридска архиепископија која е дел од Српска православна црква. Познато е, неодамна пред македонските судови беше ставена точка во судскиот спор околу „перење пари“ а во кој како обвинет се јавуваше токму Вранишкоски и неговите блиски соработници. Тие сега се на слобода и со тоа е исполнет најважниот услов којшто го поставуваа српските владици за обновувањето на дијалогот.

-ПОА нема да го попречува процесот на преговори за статусот на МПЦ која си уште не е призната од ниту една православна црква, а кој до сега не можеше да се оствари токму поради режимските судски гонења на нашите членови. Сепак, упорно ќе се бори, заедно со новите власти, кои тоа го најавуваат, против расипаните судии, што стојат на патот на развојот на демократијата во нашата татковина – соопштија по ослободувањето од судското гонење Вранишкоски и неговите приврзаници.

/целиот текст на „Дневник“

Коментар(3)

  1. Nema vrska so realnosta ova sto go pisuvate. Crkovnoto prasanje , vo Vardarska Banovina (kumonisticki termin Makedonija) za SPC e reseno. Tamu postiji egzarh na Srpskiot patrijarh, Kir Vraviskovski , srpski novomucenik ,, proganjan i utamnicavan od ateista ,,SPc se nadeva i toa go i ceka deka kako sto isceznaa komunistite, koi ja stvoria Makedonskata nacija i crkvata , so nuiv ke iscesne i nivnata tvorba (MPC). Zamajuvanja se tao deka ke pocnat razgovori so nekakva si MPC. Pa da sakala SPC da vodi razgovori so MPC , taa ne bi go postavuvala Vraniskovski tamu, na kogo mu stvorija crkva, e sega treba da mu ja ukinuva, Ma nemojte ,ve molam, tao se prikazni za mali deca, ili pa vie ne znaete sto znaci ukinuvanje na edna crkva. ili del od svoja crkva. Pa vednas se stvara raskol vo SPC Toa ne e mozno

  2. Soborot na SPC zavrsi, kako sto vi rekov, samo so edna izmena–Nitu MPc, nitu crkvata ne vraniskovski ne bes e spomenata. Naprotiv Vraniskovski i negovite bratija dobia najgolema kritika deka se samo parazita vo SPC i deka se promasena misija na srpskata crkva. Soborot zavrsi so najgolema kaga, i na nikogo ne mu bese do resavanje na nekoi crkveni problemi, koi samo bea nafrlrni i si ostanaa ne reseni.

  3. Koga covek ke se zagleda v ova slika ke si rece –gledaj –se hirotonisani glavi, nekoi duri i od patrijarhot koj vazese za ziv svetec , koj odi po zemjata. Pretezno beli glavi, a osobeno pak na sekoj mu dominira ikona na Sv Bogorodica na gradite. Ke si rece covek prava grdosija na intelegencija, odraz na postenje i , pravednost , se mozok do mozok , mudrec do mudrec. poboznost i pravednost koja e samo cekor bliska do Boga . nama sto se kako treba. No samo edno prasanje tuka e ne jasno—a toa e kako eden prepreden makedonski cincar od Bitola( Vraniskovski) uspea da gi izlaze tie luge da vo Makedonija pravoslavnite vernici edva cekaat da podpadnat pod jurisdikcija na Srpskata crkva, ta nego da go postavat za svoj egzarh. I ne samo edna sto gi izlagal, tuku kako mu uspeva postojano da gi laze deka toa ke se sluci , ili pak samo sto ne se slucilo i tie za taa laga da mu plakaat po 15do 20 000 evrq mesecno. tao prasanje da mi bide jasno pa vednaga Gospod neka me zeme , nema da mi e zal , i nikoj naka ne me zali,.
    so potpis Baba Paca

Напиши одговор на Adam Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *