Почетна Вести ДИМИТРИЕВ: Свети Сава промовираше вредности на меѓусебна почит
ДИМИТРИЕВ: Свети Сава промовираше вредности на меѓусебна почит

ДИМИТРИЕВ: Свети Сава промовираше вредности на меѓусебна почит

29
0

-Делото на Свети Сава, просветител има големо значење во културниот и духовен развој на српската етничка заедница, и тоа дело оставило и траен белег во негувањето и ширењето на христијанската мисла на балканските простори оставајќи зад себе вредности базирани на меѓусебното почитување, довербата и соработката, пишува Премиерот за спроведување на изборите, Емил ДИмитриев во честитката до припадниците на српската етничка заедница во Македонија, кои денеска го слават Свети Сава.

-Уверен сум дека српската етничка заедница и во следниот период ќе биде активно вклучена во сите мерки и активности кои се преземаат со цел обезбедување на економски раст и развој на земјата, подобрување на стандардот на граѓаните и реализација на реформите за подобрување на можностите во секоја општествена сфера, и дека со меѓусебно почитување и уважување ќе продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани и за напредна и модерна Република Македонија, пишува Димитриев во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *