
Библијата која се наоѓала на совозачкото предно седиште во автомобил кој по сообраќајна несреќа се запалил и изгорел останала недопрена од пламените јазици. Веста за овој несекојдневен настан ја објави американската ТВ станица „ФОКС“.
Минатата недела во Мемфис, Тенеси во САД, едно лице управувајќи автомобил се доживеал сообраќајна несреќа, по што возилото изгубило контрола, излетало од патот и се запалило.
Полицаец кој бил во непосредна близина, и останатите возачи застанале и му помогнале да излезе од запаленото возило. Возачот го извлекле преку прозор од автомобилот и со полесни повреди бил пренесен во болница.
Изненадувањето и шокот следувал откако бил неутрализиран пожарот. Библијата, била единственото нешто што луѓето го нашле во внатрешноста на автомобилот, кое воопшто не било допрено од огнот, иако целосната внатрешност била опожарена.