Почетна Вера Бигорски викендов беше светилиште на радост
43
42
41
40
39
38
37
36
35
34
33
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
9
8
7
6
5
5
05x
4
04x
3
2
02x
1

Бигорски викендов беше светилиште на радост

740
1

Претесен беше Бигорскиот манастир за да ги прими сите кои дојдоа вчера на манастирската слава, што Бигорски ја чествува на денот кога Црквата го одбележува „Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител„.

Чествувањето на овој ден за Бигорски има торжествено знчње, како што велат монасите „се одбележува како светло, зашто од него зрачи и името на оној што го чествуваме сега, бидејќи тој е, и се нарекува светилник на светлината.“

-Навистина, тој не е светилник што нè опсипува со вештествена светлина, зашто тогаш не би било трајно и непрестајно неговото сјаење и би се губело секогаш кога ќе му застане некаква пречка. Туку тој е одблесок што го покажува светлозарното сјаење на Божествената благодат во длабочините на срцата на оние што се собрале да го прослават неговиот спомен, и го издигнува умот да ги созерцава страданијата на праведниот маж, така што, гледајќи го со очите на душата ова блажено мачеништво, да се исполниме со духовно веселие“, велат од Бигорски.

За светата литургија за патрониот празник дојдоа и тројца митрополити на МПЦ. Надлежниот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, Повардарскиот г. Агатангел и Струмичкиот г. Наум

-Во ангелското празнување, во небесната слава, во рајското торжество на Светиот Јован Претеча, учествува денес и нашата Свештена Обител, радувајќи се со радоста на својот најсакан застапник и молитвеник, и блескајќи со неговиот богоблагодатен блесок. Зашто, Чесниот Претеча Господов, највеликиот меѓу Пророците, Возвестителот на благодатта, Светилникот на Сонцето, Гласот на Словото Божјо, живееше за љубовта и славата Христова; и таа љубов тој со својата сопствена глава ја запечати. Затоа, празникот Усекновение е празник на љубовта и посветеноста кон Бога, на ревноста за славата Божја, на храброто исповедништво на Божествената правда. Тоа е празник и на сите оние христољубиви души, што одбрале да го последуваат животот на оној, кој во плот „како бесплотен поживеа“, кој од сите луѓе прв зачекори и со својот личен и ненадминат пример „непорочниот и необичен пат на живеење“ го покажа, ја објаснуваат од Бигорската Обител суштината на славата за  патрониот празник на Манастирот.

Погледнете ја галеријата:

ГАЛЕРИЈА:

Коментар(1)

  1. Вера , Љубов, Надеж , Народ, Убавина, Светост, Радост …и ете ке се најде еден, некој да не го сака ова што очите му гледаат.

Напиши одговор на Petre Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *