Почетна Вести Австрискиот кардинал: Црквата не смее да биде инфериорна кон бегалците
Австрискиот кардинал: Црквата не смее да биде инфериорна кон бегалците

Австрискиот кардинал: Црквата не смее да биде инфериорна кон бегалците

162
0

Европа ризикува да западне во старите стравови кои пак можат да ги вратат ѕидовиоте помеѓу луѓето, нешто што е спротивно на христијанските принципи. Австрискиот кардинал, Кристов Шонборн коментирајќи ја бегалската треска во Европа, предупредува дека „новиот национализам“ на Европа станува опасен.

-Соочени со предизвикот на многу мигранти и бегалци, што е голем предизвик, постои ризик дека секој се повлекува во свои граници, дека границите, препреките, ѕидовите, железната завеса- ќе се врати. Ќе постои уште еднаш, иако на поинаков начин, изјавил кардиналот Шонборн.

Потенцирал дека за  е огромна предизвик Европа да се има христијански добродетели на внимателност, милост и милосрдие за надминување на стравовите , наспроти „новиот национализми“, за кој се мислеше дека е застарен, но тој всушност е жив и здрав.

Австрискиот кардинал смета дека како одговор на бегалската криза е проребно да се направат многу работи.

-Не смееме да заборавиме дека Европа е во крв и солзи со векови од војните меѓу христијани. Континентот кој некогаш се гордееше со отвореност и прифаќање, се чини дека запаѓа во стариот менталитет на страв и затворен ум, вели тој, потенцирајќи дека европските лидери, вклучувајќи ги и оние од Црквата, се уште не се во состојба да генерираат единствен одговор на големиот број имигранти.

– Се надевам дека европските епископи имаат способност да се најде заеднички збор, заедничко охрабрување. Да бидам искрен, ние се уште не сме стиглале до тоа ниво, изјавил самокритички Кардиналот на Виена.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *