Архиепископот Стефан присуствуваше на одбележувањеето на Денот на независноста 8 септември во Собранието. На свеченоста присуствуваше и поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи, Бискупот Киро Стојанов и претставници на верските заедници.
Свесен за важноста на независната држава морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност, потенцираше собранискиот Спикер Африм Гаши. Нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.
-Како и да е Северна Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Инаку во изминативе речиси две години беше евидентно отуството на Архиепископот Стефан на настани во Собранието. За потенцирање се неприсуствата на говорите на генаералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Шефицата на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

