Почетна Вести Археолошките истражувања ја откриваат Струмица како голем духовен центар

Археолошките истражувања ја откриваат Струмица како голем духовен центар

298
1

Струмица не била само значаен административен центар за време на средниот век, туку и еден од најзначајните духовни центри на територијата на Македонија во тој период. Последно  во низата откритија кое  ги потврдува овие тврдења е црквата во стариот дел на градот во подножјето на Цареви Кули каде со најновите истражувања беа откриени уште два нови објекти кои најверојатно биле во функција на црквата која археолозите ја датираат од 13 век.

strumica 1,,Успеавме да откриеме два објекти од кои едниот е прилепен до самата црква и за кој  сметаме дека е можно да бил во функција како камбанарија на самата црква. Веќе со откривањето на оваа црква како и на неколкуте други во урбаниот дел на Струмица се потврдува дека Струмица бил еден од најзначајните духовни центри на овие простори. Можам слободно да кажам дека после Охрид и Скопје Струмица е еден од најзначајните средновековни градови на територијата на Република Македонија.,, вели .,, вели м-р Душко Цветанов – археолог

Покрај двата нови објекти непосредно до црквата  археолозите годинава открија и дваесетина погребувања кои покажуваат дека околу неа  се развива некропола која има континуитет и по напуштањето на примарната функција на црквата.

,, Околу црквата се развива повеќеслојна некропола која има континуитет од 13 до 20 век. Црквата опстојувала до 14 век,  односно со отоманските освојувања на овие краишта, но сепак овој простор продолжил и во идните векови да опстојува и луѓето овде да се погребуваат, односно продолжува да биде некропола.,, вели Цветанов

Од струмичкиот завод и музеј најавуваат дека истражувањата на локалитетот средновековна црква кои започнаа минатата година  а се дел од програмата за заштита на културното наследство на министерството за култура  ќе продолжат и во иднина. Очекувањата се дека на овој локалитет може да се добијат уште многу значајни наоди и податоци поврзани за животот во средновековна Струмица.

/СИТЕЛ

Коментар(1)

  1. Црквата е градена многу порано а не во 13 век каде се крстоносните војни и тогаш нејверојатно е уништена. Интересно е што нашата влада и власт истото го прави и со цркавата во Конче која ја датират од некаде 13-14 век дека е изградена а има индикации дека е градена од времето на св. Константин, тој период 13-14 век нешто им е омилен на нашите државни и црковни власти па би требало да ни објаснат што е тоа.

Напиши одговор на Igor Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *