Почетна Вера Алексеј Алексовски го фати Светиот Крст во Демир Хисар
Алексеј Алексовски го фати Светиот Крст во Демир Хисар

Алексеј Алексовски го фати Светиот Крст во Демир Хисар

54
0

Алексеј Алексовски го фати Светиот Крст на традиционалната манифестација „Демирхисарски богојавленски свечености“, која општина Демир Хисар ја одржа по 17 пат.

Од локалната самоуправа информираат дека богојавленските свечености се одржаа во повеќе демирхисарски села, почнувајќи од селото Слоештица каде крстот беше фрлен во 8.30 часот, а потоа во присуство на градоначалникот Љупчо Блажевски, свечености се одржаа и во селата Белче, Граиште, Жван, Вардино, Прибилци, Сопотница…, а централната свеченост беше во Демир Хисар.

На Алексеј Алексовски, градоначалникот Блажевски му подари златен крст, примерок од Светото писмо и икона

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *