Почетна Вести Зукорлиќ од Џамија се сели во Парламентот?
Зукорлиќ од Џамија се сели во Парламентот?

Зукорлиќ од Џамија се сели во Парламентот?

202
1

Контроверзниот Муфтија на Санџак, Муамер Зукорлиќ влегува во политиката на Србија. На изборите кои следат ќе биде носител на листата на БДЗ Санџак, а функцијата санџачки муфтија ја ставил во мирување.

Мешихатот на Исламската заедница во Србија ја прифатил неговата молба, функцијата да му остане во мирување додека тој учествува во предизборната трка со партијата на Бошњачката демократска заедница во Санџак.

Зукорлиќ привремено се повлекува од верскиот живот, поради законските пречки за неспоивост на политичките и верските активности.

– Во минатото направивме многу добар систем на ИЗ и можам да кажам дека верата и муслиманите веќе не се загрозени од таа страна. Образовниот систем ни е стабилен, како и културниот систем кој е позитивен. Она што моментално ги загрозува Бошњаците на овие простори е политичкиот сектор и од таа страна сме многу загрозени. Морална и општо цивилизациска обврска ми е искуството и знаењето и она што Алах ми го дал, да го ставам на располагање на народот, изјавил Зукорлиќ.

Привремено на функцијата која ја раководеше Зукорлиќ е избран Абдурахман Кујевиќ, кој до сега беше помошник на Зукорлиќ за јужен санџак.

Инаку ова не е прв обид на санџачкиот муфтија во политиката. На изборите во 2012 година учествуваше како кандидат за Претседател на Србија. Освои 1.39% од гласовите.

Коментар(1)

  1. Ништо тоа не е чудно за еда теократска држава, како што е Србија на државната политика да имаат влијание и да водат главна реч оџи, муфтии имами дервиши,владики, попови, игумани, архимандрити, фратри, бискупи , капелани ,разни видови рабини и проповедници од јеховини сведоци и суботарите. Денот во Србија започнува со претставување на ТВ на календарот од владики, рабини и муфтија, па тогаш државната химна се имитира. Зошто е така? Па какава е полтичката и стопанската ситуација во Србија само Бог , па не е лошо и повеке богови да се вмешат , да се дружат и Српскиот, и Муслиманскиот и Еврејкиот и Католичкиот и Евангелистичкиот и Протестантскиот и Јехова со сведоците и Суботарскиот —демек сите, сите па да може нешто да биде, да помогат и на Србија, а и пошироко во регионот. Оти од учество на обични луге во Парламентот , нема голема фајда , е сега мора да се ангажираат и божјите застапници и сите да го освветат парламентот а свој начин , мултирелигиозно за да се крене напред, оти Србите се многу побожен народ, па и српската држава е произлезена од српската црква . Така да во српскиот парламммент мора вера да постои и верски функционери оти државните не функционираат или пак слабо.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *