Почетна Анализа Зошто последниот Архиепископ на древната Охридска Архиепископија, Арсениј да не биде прогласен за Светител?
Зошто последниот Архиепископ на древната Охридска Архиепископија, Арсениј да не биде прогласен за Светител?

Зошто последниот Архиепископ на древната Охридска Архиепископија, Арсениј да не биде прогласен за Светител?

1.54K
1

Следната година на 16 јануари, историјата ќе забележи точно 250 години од укинувањето на древната Охридска Архиепископија.

Истата 2017 година, МПЦ ќе одбележи 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во ликот на денешната Македонската православна црква.

Но, овие два јубилејни датума, едниот тежок и поразителен, другиот, пак, воскресно-надежен, ги спојува еден макотрпен континуитет од 250 години за враќање на достоинството на Охридската Архиепископија рамноправно меѓу сите автокефални православни цркви. 200 години борба за возобновување и уште 50 години борба за препознавање на реалноста и вистинитоста на МПЦ во Православниот свет.

Во тој период има многу личности, некои помалку, некои повеќе важни, но сите тие биле дел од овој процес.

Охридската Архиепископија 1020 год.
Охридската Архиепископија 1020 год.

Оние кои денес се дел од оваа возобновена Црква и го преку нејзе го слават Христовото име, но и самата МПЦ како институција која ја има обврската да го зачува достоинството на охридските архиепископи и патријарси, имаат историска одговорност да овозможат делата и спомените на тие личности да останат во меморијата на овие, но и идните генерации. Да создадат основа нивните имиња да ги слави историјата.

Четврт милениум е огромен и идеален период отворено да се зборува за начините како тоа да се направи.

„Религија.мк“  смета дека, Црквата, историчарите, но и јавноста треба јавно да ја отворат дебатата за потребата од прогласување на Арсениј II, последниот Архиепископ на древната Охридска Архиепископија за Светител поради неговите маченички последни години од животот. МПЦ ја има таа обврска, затоа што настаните од периодот кога тој е на Охридскиот архиепископски трон се исклучително маченички и за самата Црква. Неговата судбина е и судбина на Охридската Архиепископија, а потоа и една мачна судбина на целиот народ кој низ вековите своја закрила наоѓал токму во својата црква, која иако формално ја нема и е окупирана од туѓа јуриздикција, народот никогаш не ја изгубил надежта, но и вербата дека еден ден ќе ја возобнови. Ете денес ја има.

Речиси сите православни цркви, на еден или на друг начин, правеле и прават потези со кои, впишувајќи ги спомените за некои личности во книгата на вечноста, ја воздигнуваат својата црковна историја за иднината. За многу од нив има и контроверзии и оправдувања и величања и оспорувања, но сите тие станале Светители поради нешто што важно за самата црква.

Митрата на Охридските Архиепископи, се наоѓа во музејот во Софија
Митрата на Охридските Архиепископи, се наоѓа во музејот во Софија

За Арсениј споменот во македонската историја и денеска е жив, но тоа е резултат на преданијата на генерациите и записите низ песните на некои македонски дејци. Но, за МПЦ е исклучително важно многу повеќе од овие народни спомени. Потребно е влегување на името на Арсениј во книгата на вечноста, а тоа оди само преку олтарот на Црквата.

Колку што била голема тагата на Арсениј за укинување на Охридскиот црковен престол, како што забележале народните раскажувачи, толку голема треба да биде обврската на денешните негови наследници, за одговорноста да ја зачуваат радоста што произлезе од исполнувањето на желбата со која Арсениј до последен ден живееше затворен во ќелија.

Процесот за прогласување на Арсениј за Светител или Светец, маченик, веројатни нема да биде едноставен и лесен. Особено во делот да се добие и согласност, или пак да не се предизвика отпор кај дел од останатите помесни православни цркви, ситуација која реално може да се појави, со оглед на тоа што мачеништвото на Арсениј во голем дел доаѓа од лица од самата Православна црква. Но тоа не е причина да не се зборува, анализира и не е причина да не постои ниту желба за такво нешто.

Pecatot na OAСпоред официјално достапните историски податоци, многу малку може да се најде за животот на Арсениј II. Најголем дел од историските факти се од периодот кој коинцидира со укинувањето на Охридската Архиепископија.

Нема официјално потврден податок за местото на неговото раѓање, ниту  пак за годината кога се родил. Но, заедничко за најголем дел од историчарите е дека Арсениј е охриѓанец, најверојатно роден во или околината на Охрид. Некои историчари сметаат дека е роден на крајот од XVII век, а според некои во првите години на XVIII век. Единствен податок за кој со сигурност може да се потврди како веродостоен е годината на неговата смрт 1767 и местото, Зогравскиот манастир на Света Гора, каде бил затворен во ќелија по укинувањето на Охридската Архиепископија. И денеска во Манастирот „Зограф“, кој денес е дел од Буграската православна црква се чува древниот архиепископски жезол на Арсениј II.

Официјално потврден податок е и оној дека, Арсениј пред да стане Архиепископ, бил епископ или митрополит на Пелагонсиката епархија, во состав на Охридската  Архиепископија?

Марјан Николовски – Новинар

(ПРОДОЛЖУВА: Арсениј и укинувањето на Охридската Архиепископија)

Коментар(1)

  1. Во потполно се сложувам Архиепископот Арсениј да се прогласи за светец. Истовремено да се покрене барање до Бугарија да ги врати реликвиите кој срамно ги натовари на кочија во Охрид во 1941 год. ги попиша и ги украде .Денес се во Софија, но да се покрене процес за нивно враќање преку меѓународни судови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *