Почетна Верски буквар Зошто на Велики Петок поминуваме под Гробот Христов?
Зошто на Велики Петок поминуваме под Гробот Христов?

Зошто на Велики Петок поминуваме под Гробот Христов?

3.02K
0

Која е логиката за протнување или поминување под Светата Плаштеници, или импровизираниот гроб на Исус Христос? Ова е една од дилемите што секогаш за Велики Петок се наметнува. Дел теолози тврдат дека поминувањето под гробот на Христос нема никаква логика, едноставно затоа што поклонувањето и целивањето на гробот е искажување почит.

Но еве едно друго теолошко толкување на грчки теолози, што го објавува порталот „Амвон.мк“, а преводот е на Свештеник Јани Мулев.

Поминувањето под Епитафот (Гробот Христов) е еден многу добар и побожен обичај.

Смислата е во следново: „Изразувам најдлабока побожност и вера кон жртвуваниот, постраданиот и погребениот Господ, и се ставам себеси во смирение под Него и под чудесната и божествена власт и благослов Негов“.

Истото се случува и со свештениот епитрахил, под кој се наведнувам, за да го примам благословот и молитвата од свештеникот, било на исповед, било на Маслосвет, или при било која друга молитва. Исто како што, кога се празнува некој светител и се прави литија со неговата света икона или со неговите свети мошти (на пр. со моштите на свети Герасим Кефалониски) или некоја чудотворна икона на Пресвета Богородица, гледаме илјадници луѓе кои легнуваат на земја за да помине над нив „благодатта“.

Но, сличен обичај се опишува и во Делата на апостолите, каде што чудесни знаци добиваа луѓето, кога и само сенката на апостолите поминуваше над болните, и тоа беше доволно за да бидат излечени: „И сè повеќе се зголемуваа оние, што веруваа во Господа, мноштво луѓе и жени,така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив“ (Дела 5,14­15).

Поминувањето под Гробот Христов означува и дека сме спремни да учествуваме во Неговата смрт, за да можеме и заедно со Него да воскреснеме. Преку распетие и смрт – до воскресение.

/О. Теологос Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *